Херојот на неделата: Го победи ракот и дебитираше за „Аѕурите“

Фудбалерот на Сасуоло, и на Италијанската репрезентација, Франческо Ачерби беше прогласен за „херој на неделата“ во италијанските медиуми.

Ачерби синоќа на пријателскиот натпревар против Албанија во Џенова го имаше своето деби во дресот на „Аѕурите“ по долгото отуство од терените поради борбата со ракот.

На Ачерби му беше дијагностициран рак на тестисот во јуНи 2013-та година, а по операцијата и третманите тој се излекува од тешката болест. Сепак во декември, истата година докторите му соопштија дека ракот се вратил, и по новата рунда на хемо-терапија тој е сега здрав, па беше можност да настапи во второто полувреме во Џенова.

Италија со единствениот гол на Стефано Окака триумфираше над Албанија во пријателскиот натпревар.

-Мислам дека селекторот Конте ме вклучи во селекцијата поради типот на фудбалер кој што сум. Знам дека тој цени посветеност и желба да го даваме максимумот, а тоа и го правев, изјави Ачерби за италијанските медиуми.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...