Премиерлигашите Арсенал и Челзи постигнале начелен договор голманот на „сините“ Петр Чех да премине во редовите на „топчиите“, пренесува Би-Би-Си.
Трансферот би можел да биде реализиран во јануарскиот преоден рок.
32-годишниот чешки репрезентативец е незадоволен од својот статус во Челзи и неколку пати кажа дека не е исклучена можноста да си замине од „Стемфрод Бриџ“.
Чех десет години е член на Челзи по пристигнувањето во Лондон 2004 година од француски Рен.
Сезонава прв избор на Жозе Мурињо на голот на Челзи е белгискиот репрезентативец Тибо Куртоа.