Катарката која ги обвини Катар и ФИФА за корупција, стравува за својата безбедност

Катарката Федра ал Маџид, која прва ги обвини Катар и ФИФА за корупција при кандидатурата на малата земја во Персискиот Залив за домаќин на Светското првенство во фудбал во 2022 година, изјави дека стравува за својата лична безбедност.

- Од сега, па до крајот на животот, ќе внимавам кој е зад мене и ќе стравувам да не ми се случи нешто, рече Ал Маџид за Би-Би-Си, признавајќи дека по откривањето на „катарскиот случај“ се нашла во ситуација да живее во услови на „параноја, страв и закани“.

Таа не објаснува кој и на каков начин и се закнува, но призна дека имала контакти со оперативци на американакото ФБИ со кои разговарала откако станала свесна дека „постојат закани“. Со луѓето од ФБИ, Ал Маџид разговарала за нејзината лична безбедност и за корупцијата во случајот со Катар.

- Мислев дека повторното отворање на прашањето, ќе му помогне (на ФБИ) во истрагата, па затоа и открив дека имам направено договор со катарските функционери, за да речам дека нема ништо незаконско и нерегуларно во кандидатурата на Катар, изјави Ал Маџид.

Федра ал Маџид е поранешен функционер на Комитетот кој работеше на катарската кандидатура за домаќин на Светското првенство. Идејата била, оваа мала земја богата со нафта, без фудбалска традиција, да биде првата муслиманска и арапска земја која ќе организира едно вакво спортско натпреварување.

Во Комитетот, таа била одговорна за соработката со меѓународните медиуми, но во 2010 година кога во Цирих се одлучуваше кој да биде домаќин за првенствата во 2018 и 2022 година, таа била сменета од функцијата.

Нејзините обвинувања дека катарската кандидатура била проследена со нудење пари за купување гласови на три членки на ФИФА, прв пат се појави во 2011 година. Но, подоцна таа година Ал Маџид се појави со нова изјава, дадена под заклетва, во која признава дека претходно изречените обвинувања не биле точни.

Оваа Катарка сега тврди дека била присилена да ја смени првичната изјава со обвинувањата и се оправдува дека била „сама и без правна заштита“, како и дека е самохрана мајка со две малолетни деца.

По три години од првото обвинување, Ал Маџид одново го повторува своето првично тврдење за „давање пари“ за Катар да биде домаќин на првенството, овојпат велејќи дека стравува за својата безбедност.

Повторените обвинувања, доаѓаат во време кога ФИФА и Катар го затворија „случајот со корупцијата“, откако германскиот судија Ханс Јоаким Екерт врз основа на наодите на американскиот адвокат Мајкл Гарсија, што го изнајми ФИФА, заклучи дека нема ништо неправилно и противзаконско во кандидатурите и изборт на Русија и Катар за домаќини на следните две светски првенства.

Катар и натаму тврди дека нема ништо противзаконско во нивната кандидатура, откривајќи дека соработувал во истрагата на Гарсија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...