Буфон и Кјелини со нови договори во Јувентус

Голманот Џанлуиџи Буфон и дефанзивецот Џорџо Кјелини остануваат верни во тимот на Јувентус откако решија да ги продолжат договорите. Буфон потпиша нов тригодишен договор кој го обврзува да остане во клубот до 2017 година, додека Кјелини стави потпис на договор кој му гарантира престој во Торино до 2018 година.

Буфон е вистинска легенда на тимот. Во Торино пристина во 2001 година до тимот на Парма. Неговото доаѓање во клубот чунеше 51 милиони евра, што сè уште е најголем трансфер на еден чувар на мрежата. Со новиот договор значи дека во клубот би останал цели 16 години, а кога ќе му истече новиот договор, ќе има 39 години.

„Сакам да продолжам да бранам на врвно ниво. Тоа е и целата поента додека си активен. Мило ми е што пред 14 години го одбрав Јувентус да биде клубот во кој ќе играм“, рече Буфон, по потпишувањето на новиот договор. Тој остана верен на „Старата дама“ и во периодот кога клубот го тресеше скандалот со „наместени“ мечеви и две години помина во Серија Б. Со тој потег Буфон ја покажа лојалноста кон клубот со кој освои пет титули во серија А.

Покрај Буфон, нов договор потпиша и одбранбениот играч Кјелини. Тој во Јувентус дојде во 2005 година од тимот на Фиорентина, а сега реши да биде верен до 2018 година, кога би имал 34 години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...