Урош Матиќ би можел да игра за Македонија

-Имам 24 години, а времето ми минува. Имам бугарски пасош и корени од Македонија. Мене изгледа не ми е судено да ја слушам српската химна пред меч, изјавил Матиќ.

По Аријан Адеми и Бесарт Абдурахими од Хрватска, на ред се сега играчи од Србија. Очигледно е дека во нашата земја секогаш има нешто актуелно на фудбалски план и кога квалификациските натпревари се завршени. Па така во текот на вчерашниот ден како гром од ведро небо одекна дека Урош Матиќ, фудбалерот на НАЦ Бреда и брат на далеку попознатиот Немања Матиќ, можел да игра за нашата репрезентација!? Како, од каде Матиќ Македонец...?

И натаму не е познато, но тој самиот го изјавил тоа откако бил прашан дали очекува повик во репрезентацијата на Србија, со што ги изненадил сите со одговорот.

„Не добивам повик за Србија. Имам 24 години, играм стандардно, а времето ми минува. Имам бугарски пасош и македонски корени. Мене очигледно не ми е судено да ја слушам српската химна пред меч“, изјавил Матиќ, што значи дека тој би можел да прифати понуда од страна на нашата репрезентација да игра во националниот тим.

ИГРА КАКО ПЛЕЈМЕЈКЕР

Очигледно дека оваа изјава на Урош Матиќ ни доаѓа како кец на десетка затоа што токму на таа позиција каде што игра тој сме „најтенки“ во моментов. Матиќ игра како плејмејкер, односно класична „10“ па би можел да се вклопи во националниот состав. Во моментов тој е соиграч со нашиот Александар Дамчевски во НАЦ Бреда, а играше во Бенфика заедно со неговиот брат и во словачкиот тим Кошице. Сезонава во Холандија има одиграно 12 натпревари и постигнато еден погодок.

АКО МОЖЕ ТОЈ, МОЖЕЛ И НЕМАЊА

Ако оваа изјава на Урош е веродостојна, тогаш верувале или не имаме играч со македонско потекло кој настапува во дресот на Челзи. Немања Матиќ е голема „ѕвезда“ на лондонскиот тим, и незаменлив во дресот на Жозе Мурињо. Инаку, Немања има одиграно еден меч против младинската селекција на Македонија во дресот на Србија. Тогаш ги победивме со 1:0, а тој играше за Челзи пред да замине во Бенфика. Меѓутоа, како и многу таленти кои навреме не се откриени, така и Немања за нашата репрезентација е завршена приказна. Тој веќе има настапи за Србија откако до сега 18 пати го има облечено дресот на селекцијата на нашиот северен сосед.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...