Само од карти заработени 3.3 милиони евра

Без разлика што синоќа немаше вистинска ѕвезда на теренот кога игра Милан и Интер, навивачите го исполнија стадионот „Сан Сиро“ до последно место и навиваа за своите миленици.

Околу 80.000 фанови во живо го следеа дербито од кое домаќинот Милан имаше огромен профит и тоа само од продадените билети. „Росонерите“ од продажбата на билети заработи 3,3 милиони евра, што е најголема сума за еден меч одигран во Серија А. и Претходниот рекорд на продадени билети на еден меч го држеше Милан.




ВЕТЕРАНОТ НА УДИНЕЗЕ СО ЈУБИЛЕЈ

Ди Натале стигна до 200 гола

Искусниот напаѓач на Удинезе, Антонио ди Натале стигна до бројката од 200 погодоци во Серија А. Ветеранот погоди во ремито на Удинезе против Киево, со што стана само седмиот фудбалер кој успеал да стигне до 200 погодоци во италијанското првенство.

На Ди Натале му беа потребни точно 400 меча за да ја стигне оваа бројка, што значи дека во просек дава по еден гол на секои два меча. Во дресот Удинезе се има израдувано на 182 гола, а има погодено 18 пати додека настапуваше за Емполи. Во кариерата два пати беше најдобар стрелец во сезоната. Тој има и 42 настапи за репрезентацијата на Италија.

Јувентус и Рома немаа проблеми

Водечкиот двоец во првенството, екипите на Јувентус и Рома продолжуваат во победнички ритам. Шампионот Јуввентус ја чува лидерската позиција откако убедливо со 3:0 славеше на гости кај Лацио. Некогаш гостувањата на „Олимпико“ против лацио биле пеколни за „старата дама“, но овојпат тимот од Торино многу лесно стигна до посакуваниот триумф. Пол погба со два гола и Тевез со еден гол беа творци на победата.

Рома со пресврт се израдува на трите бода на гостувањето кај Аталанта. Домаќините уште во првите 60 секунди поведоа, но до крајот на првото полувреме гостите од Рим направија пресврт и стигнаа до победата, со што го задржаа чекорот со лидерот Јувентус.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...