Ѕвездата на ПСЖ, Златан Ибрахимовиќ имаше одличен кам бек по повредата. Синоќа шведскиот интернационалец постигна супер гол во второто полувреме од натпреварот во 5-то коло во Лигата на шампионите против неговиот екс тим, Ајакс.
Ибрахимовиќ со полу-волеј и со одличен финиш на акцијата со пета успеа во 79-та минута од натпреварот по втор пат да ги доведе домаќините во водство на Паркот на принцовите во Париз.
Единсон Кавани во 33-та минута ги доведе „Светците“ во водство, а Дејви Класен израмни на 1-1 во 67-та. Кавани повторно погоди во 83-та минута за конечни 3-1 во Париз во рамките на 5-то коло во групата Ф.
Ибрахимовиќ го носеше дресот на Ајакс од 2001-ва до 2004-та година, а од Амстердам, се пресели во Торино, кога потпиша за Јувентус.
По одиграното претпоследно 5-то коло, ПСЖ се наоѓа на врвот на табелата во групата, со освоени 13 бода, 1 повеќе од Барселона.
Погледнете го одличниот гол на Ибрахимовиќ против Ајакс.