Аргентинско шоу во режија на Агуеро и Меси

Барселона немаше поголеми проблеми и славеше на гостувањето во Никозија против Апоел. Каталонскиот гигант уште во првото полувреме даде два гола и покажа дека нема да се случи никакво изненадување на овој меч. Луиз Суарез го отвори резултатот, а потоа на сцена стапи Лионел Меси. Аргентинецот погоди, а тој гол ќе влезе во историјата, затоа што е вкупно 72 на неговото конто. Со тоа Меси стана апсолутен рекордер по бројот на голови посигнати во елитната европска лига, поминувајќи го рекордот на легендарнито Раул кој има 71 гол. Во вториот дел Аргентинецот уште два пати ја затресе мрежата на домаќините и засега застана на 74 погодоци.

АГУЕРО Е СПАСИТЕЛОТ НА БАЕРН

Серхио Агуеро е херојот на Манчестер Сити откако даде три гола во победата над Баерн Минхен. Дуелот во Манчестер изобилуваше со многу возбудувања и пресврти, а на крајот домаќините се радуваа на триумф. Сити поведе со гол од пенал, а притоа гостите од Минхен останаа и со играч помалку. Сепак Баерн не се предаде и уште во првото полувреме даде два гола за пресврт. Сепак во второто полувреме „граѓаните“ благодарение на двата гола Агуеро кој погоди уште два пати направи целосен пресврт и остана со шанси дека може да продолжи во следната фаза.

БАТЕ БОРИСОВ СО НАЈСЛАБА ОДБРАНА ВО ИСТОРИЈАТА

Ниту зимската температура од минус шест степени, не беше пречка за фудбалерите на Порто да стигнат до убедлива победа на гостувањето во Белорусија против тимот на Бате од Борисов. ладното време требаше да биде сојузник на домаќините, но гостите од Португалците лесно со со 3:0 стигнаа до триумф. Бате Борисов на овој дуел само ја потврди очајната одбрана што ја има. По досегашните пет кола, тимот прими дури 22 гола, што е израмнување на рекордот во групната фаза. По 22 гола досега примиле само уште и Динамо Загреб и Нортсјеланд, но Бате има уште еден меч за доигрување.

ЧЕЛЗИ ГО РАСТУРИ ШАЛКЕ

Англискиот премиерлига Челзи покажува дека е еден од најдобрите екипи во моментов, откако убеливо се радуваше на триумф на гости во Гелзенкирхен против Шалке. Лондончани за помалку од 100 секунди стигнаа до предност со голот на капитенот Џон Тери, кој беше како најава за дебаклот што ќе ја доживее Шалке. До полувремето гостите веќе имаа водство од три разлика, а на крајот семафорот покажуваше 0:5.

Ибраими одигра 45 минути во поразот во Лисабон

македонскиот репрезентативец Агим Ибраими го одигра второто полувреме за Марибор на гостувањето кај Спортинг. Ибраими не беше стартер, но на почетокот на вториот дел беше внесен во игра, кога неговиот тим имаше негатива од 2:1. Офанзивецот кој во минатото коло ја затресе мрежата на дуелот против Челзи, овојпат не се радуваше, а неговиот Марибор на крајот загуби со 3:1, по што и дефинитивно ги загуби шансите за влез во осминафиналето. Дуелот во Лисабон имаше 50 минутен прекин, откако затаи осветлувањето на стадионот. Прекинот се случи за време на полувремето, па играчите наместо вообичаените 15 минути пауза, принудно одмораа повеќе од еден час.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...