„Златната топка“ не ја добива најдобриот

Францускиот репрезентативец и член на Баерн Минхен, Франк Рибери вели дека престижната награда „Златна топка“ што ја доделува ФИФА не оди во рацете на тој што најмногу ја заслужува. Рибери лани беше во потесниот избор на кандидати, но заврши како третопласиран, зад Кристијано Роналдо и Лионел Меси. Минатата година Рибери беше убедливо најтрофеен од сите тројца кандидати, но остана со празни раце.

„Во 2013 година освоив пет трофеи со Баерн Минхен, плус три индивидуални награди. И покрај сето тоа останав без ’Златната топка’. Тогаш Блатер само што дојде се поздрави со Роналдо и сè ми беше јасно. Не сум глупав. Во овој избор има многу политика и не е само од спортски аспект“, рече Рибери, кој додаде дека и оваа година не очекува да има реално доделување на наградата.

„Ова признание за 2014 година треба да заврши во рацете на Мануел Нојер или Аријан Робен. Нојер ја освои светската круна, а ја доби и наградата за најдобар голман. Робен имаше одлична сезона како во дресот на Баерн така и со холандската репрезентација“, заврши Робен.

Со свое мислење околу тоа кој треба да ја освои „Златната топка“ се јави и првиот човек на УЕФА, Мишел Платини. Според Французинот, најзначајната индивидуална награда во светскиот фудбал треба да заврши во рацете на некој германски репрезентативец.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...