Барса ги испуштила Куртоа и Варан

Раководството на Барселона направило голема грешка бидејќи во 2011 година имала можност да донесе двајца одлични фудбалери кои сега се наоѓаат во првите постави на Челзи и Реал Мадрид. Таткото на Кркиќ, Бојан Кркиќ-сениор во таа година бил скаут на Барселона и им ги понудил Тибо Куртоа и Рафаел Варан.

Во интервјуто кое го даде за неколку шпански медиуми Кркиќ објаснува дека тој разговарал со челниците на клубот. Воедно им кажал дека Куртоа и Варан се големи таленти и дека може да сметаат на долг период. Сепак, пораката не била прифатена, па Куртоа подоцна заврши во редовите на Челзи, а Варан во Реал Мадрид.

„Гледавме многу видеа од Куртоа. Бев многу изненаден од неговите квалитети и дефинитивно знаев дека ќе биде одличен како што ќе одминува времето. Тој самиот имаше желба да дојде во Барселона. Дури беше подготвен да игра во во Барселона Б или да замине на позајмица додека да ја добие вистинската шанса. Сепак, не се случи ништо од ова, а потоа Куртоа потпиша за екипата на Челзи“, вели Кркиќ-сениор.

Во однос на Варан за неговата игра немало доволно позитивни оценки така што во моментите додека играл за Ленс не ги задоволил скаутите.

„За Варан приказната е друга. За него бев известен во момент кога тој играше како дефанзивен играч за врска. Тогаш ми беше кажано дека се работи за одличен фудбалер пред кого е голема иднина и затоа го препорачав на Барселона и ги известив раководните лица дека треба да го држат под око. Барселона поради ова испрати свои скаути да го следат на дуелот меѓу Ленс и Монако. Сепак, на тој меч Варан не се претстави во најдобро светло, а оценките не беа позитивни, па затоа не се случи ништо“, вели Кркиќ.

Подоцна Варан дојде во Реал и тоа додека Мурињо беше тренер. Тој му даде шанса, а Варан сега полека го добива и своето место кај Анчелоти.

Доколку Барселона го послушаше Кркиќ-сениор тогаш во текот на летото немаше да има никаков проблем за голманската позиција и за стоперското место. Куртоа ќе го заменеше Валдес, а Варан ќе се најдеше на местото каде што беше ангажиран Матје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...