Шампионот падна под притисокот во Ротердам

Актуелниот шампион на Лига Европа Севиља го запиша првиот пораз сезонава и тоа на гостувањето кај Феенорд со што остави во последното коло против Риека да го извади билетот за следната фаза. Феенорд му се одмазди на шпанскиот тим за поразот во првото коло на Санчез Писхуан и сега има девет бода на своето конто, што значи дека е сигурен патник во шеснаесетфиналето од ова натпреварување бидејќи може да заврши најмалку втор во групата Г по одигрувањето на последното, шесто коло.

Се чини дека андалузискиот тим падна под притисокот на стадионот Де Куип во Ротердам. Феенорд цел меч добиваше ветер во грбот од страна на фанатичните навивачи, па лесно го пробиваше патот до противничкиот шеснаесетник. Головите паднаа во второто полувреме, Јан Торнстра донесе предност, а Ел Ахмади со прекрасен лоб удар во 83. минута ги постави конечните 2:0.

„Мислам дека резултатот е фер. Бевме подобри и поконкретни во нападот. Го принудивме противникот често да греши и го притискавме дури и кога имавме предност од 1:0. Ова беше незаборавен ден кој долго време ќе го паметиме. Јас сум задоволен им честитам на овие млади момци кои влегоа храбро во натпреварот и едноставно го ’запалија’ Де Кујп“, изјави тренерот на Феернорд Фред Рутен.

РИЕКА СО ШАНСА ДА ПРЕЗИМИ ВО ЕВРОПА

Хрватскиот преставник Риека ја игра најдобрата сезона во европските купови во поновата историја. Риечаните стигнаа до вториот триумф, овој пат против белгиски Стандард со 2:0 и останаа во игра за второто место на табелата кое води во понатамошните борби. Уште еднаш „белите“ покажаа зошто за Кантрида велат дека е неосвоива тврдина.

Бразилецот Моисес донесе предност за хрватската екипа, а Крамариќ од пенал погоди за 2:0 откако претходно избори пенал по дуелот еден од стоперите на Стандард. Тој резултат остана до крајот на мечот. Крамариќ има пет погодоци во групната фаза, а седум ако се сметаат и мечевите од квалификациите.

СИЛЕН ДОЖД ГО ПРЕКИНА МЕЧОТ ВО ЕСТОРИЛ

Натпреварот меѓу Есторил и ПСВ беше прекинат при резултат 3:2 за домашните поради обилни врнежи на дожд. Мечот го дочека крајот на првото полувреме, но не и почетокот на второто бидејќи дождот создаде поплава на теренот на кој беше невозможно да се игра. До завршувањето на другите натпревари немаше информации дали мечот ќе продолжи или ќе се доигра денеска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...