Јувентус бара крај на кризата

Најтрофејниот италијански клуб Јувентус гостува кај Каљари во обид да стави крај на најлошата серија без победа годинава. „Старата дама“ за првпат во 2014 година е во низа од три меча на кои нема победено. Од почетокот на декември, шампионот се нема израдувано на триумф, но интересно е и тоа што нема загубено. На гостувањето кај Фиорентна одигра без голови, а 0:0 заврши и мечот со Атлетико Мадрид во Лигата на шампионите. Јувентус во неделата ја прекина и едно и полугодишната доминација пред своите навивачи во првенството, откако одигра 1:1 во дуелот со Сампдорија.

„Имавме три тешки дуели и најважно е што не загубивме. Сепак, сега треба да се фокусираме на следните мечеви и треба да се обидеме да го сочуваме лидерското место. Сезоната е долга и никако не смееме да дозволиме да ни падне концентрацијата“, вели дефанзивецот на Јуве, Андреа Барзаљи.

И покрај овие резултати, Јувентус уште е лидер во првенството, но сега има само еден бод пред Рома, која му е единствен ривал во трката за шампионскиот трофеј во Серија А. На осум од последните 10 мечеви со Каљари, Јувентус има осум победи и две нерешени. Каљари на победа се нема израдувано од ноември 2009 година. Иако се домаќини, во Каљари знаат дека ќе им биде многу тешко да се надеваат на успех против фаворитот. Тимот од Сардинија сезонава е слаб и моментно е на позиција која не му гарантира опстанок во лигата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...