Пандев „спакуван“ за пат кон Милано

Куферите на Горан Пандев се веќе спакувани. Од Истанбул Македонецот заминува во Милано каде што ќе биде неговата следна дестинација. А дали клубот ќе биде од овој град, останува да се види. Важно е дека се враќа во градот каде што живееше две години додека беше дел од Интер со кого ги направи и најголемите успеси во својата кариера. И претходно беше член на „сино-црните“ од Милано, но немаше место па беше позајмуван на пониско рангирани тимови, за потоа одново да се врати во таборот на „нероаѕурите“. Ја освои со нив шампионската титула во Италија, како и онаа Европската, а потоа се пресели во Наполи.

ДА ЗАВРШИ ЕСЕНСКИОТ ДЕЛ И ТОЛКУ

Галатасарај до крајот на есенскиот дел има уште два првенствени меча или вкупно четири натпревари. Тешко дека Пандев ќе ги дочека сите затоа што можно е да си замине уште пред финишот на есенскиот дел. Галата игра со Мерсин и со Генчлербирлиги во рамките од првенството, и два дуела од Купот против Дијарбакир. Голема е веројатноста Пандев да дочека само да заврши шампионатот и да си замине од Турција како слободен играч иако има договор до 2016 година со „жолто-црвените“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...