Шампионот Атлетико сигурен на гостувањето кај Атлетик

Шампионот на Шпанија Атлетико Мадрид оствари сигурна победа на тешкото гостување во Билбао кај Атлетик со 4:1.

Најзаслужен за триумфот на синоќешниот натпревар беше Антонио Гризман кој постигна хет трик (46, 73, 81 минута). Четвртиот гол за првакот го постигна Раул Гарсија од пенал (53). Домашните и покрај водство поведоа со 1:0 со голот на Микел Рико (17), но немаа сили во вториот дел да му се спротистават на шампионот.

Резултати од 16.коло од Примера: Атлетик Билбао – Атлетико Мадрид 1:4, Елче – Малага 1:2, Гранада – Хетафе 1:1, Виљареал – Депортиво 3:0, Рајо Ваљекано – Еспањол 1:3, Еибар – Валенсија 0:1, Леванте – Реал Сосоиедад 1:1, Барселона – Кордоба 5:0 и Селта – Алмерија 0:1.

Поради настапот на Светското клупско првенство на Реал Мадрид, дуелот со Севиља „кралскиот клуб“ ќе го одигра на 4 февруари 2015 година.

Табела: Реал Мадрид 39 бодови, Барселона 38, Атлетико Мадрид 35, Валенсија 31, Виљареал 30, Севиља 30, Малага 30,...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...