Јувентус и Наполи во борба за божиќниот подарок

Екипата на Јувентус ќе се обиде да стане апсолутно најдобриот тим, а Наполи, пак, е во обид по пауза од 24 години да го крене трофејот во Суперкупот на Италија. Дуелот меѓу шампионот и осовојувачот на Купот се игра денеска, и тоа на неутрален терен во Катар. Интересно е што во последните шест меѓусебни средби на овие екипи билансот е израмнет. Двете имаат по две победи, а две средби завршиле нерешено.

Јувентус е тимот кој доминира во калчото во изминатите три сезони освојувајќи го Скудетото. Својата класа тимот ја потврдуваше и во Суперкупот бидејќи последните двапати трофејот завршува во витрините на тимот од Торино.

„СТАРАТА ДАМА“ БРКА ТРЕТА ТИТУЛА ВО НИЗА

Сега „црно-белите“ сакаат хет-трик во ова натпреварување, кое досега го имаат освојувано шест пати. Толку трофеи има и Милан, додека еден помалку има екипата на Лацио. Сега сите во таборот на најтрофејниот клуб во Италија сакаат 2014 година да ја крунисаат со нова радост.

„Ова ќе биде многу тежок меч. Никако не смееме да го потцениме Наполи. Штом стигнале да играат во Суперкупот, значи дека се квалитетен тим. Бордовната разлика во Серија А нема големо значење за еден ваков дуел. Се ближи Божиќ и мислам дека нема поубав подарок за сите нас од тоа да го освоиме овој трофеј“, рече дефанзивецот на Јувентус, Џорџо Киелини.

Голгетерот Карлос Тевез ќе биде подготвен за настап во дресот на Јувентус, а шампионот нема да може да смета на Барзаљи, Асамоа, Ромуло и Касерес. Во Наполи ќе недостасуваат Мичу, Инсигне и Зунига.

НАПОЛИ ДА ГО ДОКАЖЕ КВАЛИТЕТОТ

Наполи има двоцифрено заостанување во првенството зад Јувентус, но тимот од југот на Италија не сака предвреме да се предаде. Наполитанците најавуваат дека се подготвени за голема битка на теренот против фаворизираниот противник. Тимот беше во низа од четири средби без победа, но таа лоша низа заврши со победата против Парма. Во Суперкупот се радуваа во 1990 година, а пред две години беа поразени во нивниот втор таков настап.

„Јувентус е силен тим, но и ние сме. Ова е биден меч за нас и за нашите навивачи. Сите очекуваме на крајот да се радуваме. Ова е средба на која треба да докажеме дека имаме квалитет дури и да се бориме за шампионската титула во Серија А“, вели белгискиот интернационалец во редовите на Наполи, Дриес Мертенс.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...