Задоволен сум од Пандев

Пандев почна да ја оправдува довербата, и по трите гола во Купот, завчера постигна уште еден што наиде на пофалби од страна на неговиот тренер

За само неколку дена Пандев покажа дека е вистинско засилување за Галатасарај. И покрај тоа што наиде на серија критики од страна на медиумите, сепак, во Купот стана херој, и по трите гола на дуелот со Балчова, даде уште еден во мечот со Дијарбакир. И во двата натпревари Галатасарај дојде до убедливи победи, а добрата серија и форма на Пандев наиде на пофалби од страна на неговиот тренер Хамза Хамзаоглу.

„Задоволен сум од формата на Пандев, иако јас сум сигурен дека тој може многу повеќе ако успее да ја подобри физичката кондиција. Среќен сум поради него што конечно влезе во форма, онаква каква што посакував“, рече Хамзаоглу.

ПОНУДИ СЕКОГАШ ЌЕ ИМА

Во текот на преодниот рок Пандев, најверојатно, ќе си замине од Галатасрај и ќе се врати во Италија. Со тоа неговата епизода во Истанбул ќе трае многу кратко. Хамзаоглу на оваа тема само кратко искоментира:

„Ако неговата желба е да си замине, тогаш ние не можеме против тоа. Ќе се обидеме да го задржиме, меѓутоа нема да биде лесно. Понуди за нашите играчи секогаш ќе има“, рече Хамзаоглу.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...