„Недостижната“ топка за Панчев

Помладите генерации кои активно и со полн жар ги следат фудбалските збиднувања во светот во моментов секако дека не можат да си замислат еден македонски фудбалер да влезе во најтесниот избор за играч на годината. Тоа со оглед на квалитетот кој мак фудбалот, а и самите играчи кои излегуваат од него го поседуваат е незамисливо, па ние како јавност сме принудени да се навратиме цели дваесетина години порано и да се пронајдеме во оваа тема. Таа 1991 година и изборот за тогаш европски фудбалер на годината го вклучи нашиот фудбалер на векот Дарко Панчев. Играч за кого немаше „лоша“ топка, за кого немаше „пропуштена“ шанса. Легитимен претендент за титулата најдобар во Европа со оглед на фактот што со Црвена Звезда ја освои европската и светска клупска титула, а тој логично беше именуван од многумина како најдобриот напаѓач на Стариот континент во моментот. Сепак, така не мислеа оние што го бираа најдобриот играч, француската новинарска фела која преку елитното списание Франс фудбал со години го издвојуваше најдобриот во Европа и ја доделуваше популарната Златна топка. Таа година реши тоа да биде „домашниот“ Жан Пјер Папен, пред Панчев, Дејан Савичевиќ и Лотар Матеус и тоа со огромна разлика. Французинот освои тогаш 141 глас наспроти 42. на останатите тројца. Овој избор се смета за почеток на сите контроверзи кои следуваат потоа, а кој подобро би го коментирал ова од самиот Дарко Панчев.

Дали сметате дека изборот на Франс фудбал за 1991 година кога бевте и вие номинирани беше фер, коректен и на најдобар можен начин изведен?

„Не може да е фер и коректен кога не е избран играч од шампионската екипа. Апсолутно нема логика тука. Не може поразениот да биде на врвот. Тоа е логиката, таа спортска филозофија мора да биде испочитувана. Тогаш објективно најблиску до освојување бевме јас и Дејан Савичевиќ. Не морав да бидам јас, но еден од нас двајца мораше да биде од причина што ние освоивме Куп на шампиони токму против Олимпик Марсеј, а подоцна и светската клупска титула против Коло Коло. Она што е многу важно кога станува збор за ваквите избори е да се земат предвид сите натпреварувања во таа календарска година. Еве на пример, за изминатата 2014 година мораше да се земе предвид Светското првенство, и Германија и нејзините репрезентативци не смееја да бидат изоставени во овој избор. Мануел Нојер беше нивен претставник. Во нашиот случај таа 1991 година немаше ниту светско ниту европско првенство, што е уште еден показател дека таа година најдобар играч требаше, мораше да биде некој од Црвена Звезда. Франција за разлика од Југославија не беше дел од Светското 1990, каде ние бевме петти, и Жан Пјер Папен едноставно не би имал кредибилитет ниту од таа гледна точка“ - вели Панчев.

Токму така, значи Папен и тогаш, но и од оваа временска дистанца едноставно бил лош избор во тој момент? Зошто тогаш Французинот ќе влезе во историјата како најдобар европски играч за таа 1991 година?

„Тука морам да кажам дека улога одигра западноевропската пропаганда. Поточно западноевропското новинарско влијание. Сепак, таа награда во тој период ја даваше реномираниот Франс фудбал. Само како информација, златната копачка која ја освоив таа сезона ми ја додели францускиот Л’Екип. Ако се земат овие факти предвид јасно е дека француското влијание одигра голема улога. Од Мишел Платини, кој беше најдобар во 1983, 1984, 1985 година потоа одреден период Французите немаа со што да се пофалат, па номинацијата на Папен беше некако изнудена. Видоа шанса во него еден Француз повторно да биде номиниран, а со самото тоа и лауреат, па така и се случи. Мислам дека тоа беше клучно. Папен потоа замина за Милан, а Олимпик Марсеј 1993 година стана европски првак. Е тогаш беше логично еден играч од овој клуб да биде најдобар во светот, а не во 1991 година“ - додава Панчев.

Англиските медиуми: Изборот е фарса

Јавноста во Југославија, и не само таа, реагираше на овој избор онака како што и треба. Сметаше дека истиот не е реален, дека Папен во таа сезона воопшто не беше најдобриот туку дека тоа беа главните играчи на тогаш европскиот и светски клупски првак.

„Секако дека медиумите реагираа. Што е уште поважно, не само југословенските. Во тоа време до мене стигна еден прекрасен напис на англиски новинар кој жестоко го критикува изборот на Папен и се чуди како е можно тоа да не биде или Панчев или Савичевиќ. Да бидеме на чисто со една работа. Фудбалскиот тим го сочинуваат многу играчи, но само четири или пет се вистински носители на играта, клучни се за освојување на потенцијалниот трофеј. Секогаш било така, не може во фудбалот тоа да се смени. Јас бев еден од оние кои беа клучни за титулите на Звезда, и затоа и сум бил ставен во најтесен круг за освојување на оваа награда. Сепак, јавноста, светската пред сè, нас нè номинирала и нормално е да има реакции позитивни за нас како играчи. Секако дека тоа немаше ефект и тоа така заврши, за наша жал“ - резигнирано вели македонскиот фудбалер на дваесеттиот век.

„Утеха е тоа второ место. Ќе се тешиме со тоа второ место за најдобар играч на Европа, иако не се помируваме со изборот, тоа сигурно“.

Калкулации во изборот уште од тоа време

Со тој избор на Жан Пјер Папен за најдобар играч на Стариот континент во таа 1991 година веќе како да стартуваа сите контроверзи околу овие избори. Оттогаш наваму речиси секоја година има по некој скандал, наводен превид околу броењето на гласовите, дури имаше и корупциски афери. Самиот факт што Папен при изборот има освоено високи 141 бод наспроти 42 на Панчев, Савичевиќ и Германецот Матеус, кои го поделија второто место.

„Ако бидеме реални ниту Матеус не требаше да се најде меѓу нас. Таа година не освои ништо. Реков и ќе повторам. Имаше влијание тоа новинарско лоби, да не се лажеме. Можеби тогаш имаше и помало во споредба со сега. Во денешно време и парите во фудбалот се далеку поголеми. Спонзорите, особено за спортска опрема се многу моќни и во тој поглед фудбалот многу се промени. За жал. Јас сум убеден дека се прават грешки, намерни или ненамерни тука јас не можам да кажам, но примери има доста. За мене е несфатливо како може во 2010 година Интер да стане европски и светски првак, а еден Диего Милито, кој ги донесе сите интернационални, но и домашни титули, како првенство и национален куп, со своите голови да не биде прогласен за најдобар“ - вели Панчев, кому очигледно дека напаѓачите му се слаба точка.

„Не само што бил напаѓач. Бил клучен играч за успехот. Во неговиот тим биле и Ето или Снајдер да речеме, а во нашата генерација тоа бевме јас, Савичевиќ, Просинечки. Тоа е реалноста, нема тука што да се анализира или калкулира“ - вели Панчев.

Некои работи мора да се разграничат

„Не се гласа за најдобар светски играч воопшто, се гласа за најдобар во таа година. Има многу голема разлика. Ако се гласа за најдобар светски играч, според мене не треба да има ниту гласање ниту дилеми. Нека му ја дадат наградата на Меси и готово. Според мене, тој е најдобар. Самиот избор има сосема друг наслов. Најдобар светски или европски фудбалер за 1991 година, за 2014 година. Сè е кажано. Треба да се одбере играчот кој најмногу постигнал во таа календарска година. Кој најмногу освоил. Тука мислам дека се „мешаат лончињата“. Меси и Роналдо се најдобри, тука нема дилеми, ама мора да се направи дистинкција меѓу најдобар фудбалер и најуспешниот во моментот“ - реален е Панчев.

Изборот на Меси на Мундијалот, голема неправда

„На Мундијалот оваа аномалија најдобро се виде. Меси беше избран за најдобар играч. Според мене огромна грешка. Катастрофална. При таква Германија, доминантна, речиси немаше пораз, беше избран Меси. Спортската логика на тоа вели НЕ. Според мене, со право Мишел Платини реагираше повеќепати, даваше изјави на оваа тема, напаѓајќи ја тука и ФИФА. Платини, сепак, бил играч, голем и тоа, и тоа го чувствува. Мислам дека во неговите изјави, а и во мојот изнесен став сега нема фаворизирање има само чиста логика. Едно е сигурно. Многу пари се во прашање, влијанија, спонзори и тука некаде на средина треба да се бара вистината, која очигледно не е само спортска“ - резимира Панчев.

Има ли реакции на гласањето од многумина?

„Да, еве и годинава има такво нешто. Јас не би сакал да коментирам, ниту можам, дали има нешто тука нелегално. Лично и јас би реагирал ако увидам дека некој калкулирал и го злоупотребил мојот глас. Со денешната технологија секако дека не би требало да се прават такви грешки, но...“



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...