Легендата на Реал Мадрид, Луис Фиго, најави дека сака да биде претседател на светската организација ФИФА. Некогашниот португалски репрезентативец вели дека сака да стави крај на сè почестите скандали кои се случуваат во светскиот фудбал.
„Загрижен сум за светскиот фудбал. Тоа што го гледам што се случува во последниве неколку години воопшто не ми се допаѓа. Ако пребарувате за ФИФА на интернет, прво што ќе ви даде е зборот скандал. Затоа би сакал да бидам претседател на ФИФА и да разрешам сите скандали“, рече Фиго.