Познати полуфиналните двојки во „Копа дел Реј“

Со одигрувањето на трите реванш натпревари синоќа, комплетирана е четвртфиналната рунда во фудбалскиот Куп на Шпанија, со тоа познати се и полуфиналните парови.

Барселона која го елиминира Атлетико Мадрид, во полуфиналето за противник ќе ја има екипата на Виљареал која во двата дуели со Гетафе славеше минимални победи со 1:0.

Еспањол иако загуби на гостувањето кај Севиља со 1:0, сепак победата од 3:1 на првиот меч во Барселона беше доволна за пласман меѓу четирите најдобри.

Еспањол за противник во полуфиналето ќе го има тимот на Атлетик Билбао кој по нерешените 0:0 на гостински терен, синоќа пред својата публика славеше победа со 1:0.

Првите натпревар од полуфиналето на „Копа дел Реј’’ се закажани за 11 февруари, а реванш средбите на 4 март.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...