За 20 дена Арсенал заштеди 700.000 фунти

Доколку топчиите на 7 јануари го плателе Паулиста ќе дале 14,1 милиони фунти, а на 28 овој месец поради падот на еврото, го купиле за 13,4 милиони фунти

Познато е дека Арсенал важи за клуб на кој една од главните филозофии им е да се штедат. Менаџерот Арсен Венгер не сака да се расфрла со пари околу доведување нови играчи и секогаш бара најевтин начин да создаде екипа која ќе биде конкурентна за висок пласман. „Топчиите“ моментално се на петтото место на табелата во Премиер-лигата, но тоа не е нивната посакувана позиција. Лондончани сакаат да бидат меѓу најдобрите четири на крајот, со што ќе обезбедат место во квалификациите за Лигата на шампионите. За да успеат во својата намера тие мора да ја подобрат играта, а статистиката по досегашните 22 меча покажува дека одбраната е послаб дел до тимот. „Топчиите“ имаат примено 25 гола, што е многу повеќе од четирите клуба кои се пред нив на табелата. Поради ова Венгер знаеше дека мора да доведе дефанзивец. Францускиот стратег најави дека ќе биде активен во овој преоден рок и ќе бара бранител.

НЕМА РАСФРЛАЊЕ СО ПАРИ КАЈ ВЕНГЕР

Кога Венгер бара засилување секогаш е тешко да реализира некој поголем трансфер бидејќи Французинот е познат како голем штедливец и воопшто не сака да се расфрла со пари. За повеќе до две и пол децении речиси се нема случено Арсенал да дава вртоглава сума пари како што тоа го прават другите големи екипи во Англија. Единствено со трансферите на Месу Озил и Алексис Санчез може да се каже дека има направено отстапка во неговата филозофија.

ФРАНЦУЗИНОТ ЗНАЕЛ ДЕКА ЌЕ ИМА ДЕСТАБИЛИЗАЦИЈА НА ЕВРОТО

Тоа што му треба, Венгер го најде во името на Бразилецот Габриел Паулиста од Виљареал. Овој трансфер на играчот на „жолтата подморница“ беше договорен уште на почетокот на јануари, но официјално се случи дури на 28 овој месец. Кои се причините што повеќе од 20 дена Венгер чекал да ја официјализира соработката?

Уште на почетокот на месецот било договорено трансферот да биде 18 милиони евра, но Венгер едноставно одолговлекуваше тој да се реализира. Некои едноставно се чуделе зошто Бразилецот не дојде порано во Лондон и да се приклучи на екипата, но одговорот на Французинот дојде 20 дена подоцна, и тоа во финансиска форма. На 7 јануари бил постигнат договор. На тој датум еврото беше стабилно и 18 милиони вредеа 14,1 милиони фунти. Во следните 20 дена еврото доживеа дестабилизација, односно слабеење во однос на фунтата. Така на 28 јануари 18 милиони евра вредат 13,4 милиони фунти. Тоа значи дека со тоа што трансферот се реализирал 20 дена подоцна, Венгер на Арсенал успеал да му заштеди дури 700.000 фунти. Со тоа францускиот стратег само уште еднаш го потврди својот економски однос кон трошењето на парите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...