Четири милиони евра за Пандев

Ова е сумата која Горан Пандев би ја заработил за тригодишната верност кон тимот на Џенова доколку се согласи на „дил“. Договор кој би требало да биде „круна“ на неговата богата кариера, а Македонски спорт дознава дека понудена му е тригодишна верност вредна четири милиони долари

Ќе заврши ли, конечно, одисејата на Горан Пандев во Галатасарај? Нашиот најдобар фудбалер има желба да се врати во неговата фудбалски „ветена“ земја Италија, а таа желба засега најблиску е да му ја оствари тимот на Џенова. Како што објавија италијанските медиуми, а турските и другите пренесоа, Горан Пандев има понуда следната сезона да биде дел од тимот на Џенова со кого веќе има сериозни преговори од пред извесно време, но сето тоа засега нема официјализација, иако медиумите форсираат таква приказна.

„Точно е дека имам понуда, но ништо засега не е официјално. Немам потпишано договор“ - вели децидно Горан Пандев специјално за Македонски Спорт.

Неговата фудбалска приказна доби несакана епизода со потписот на Пандев за Галатасарај каде има сериозни проблеми со минутажата и константно е „миниран“. Во шампионатот на Турција речиси и да не бележи настапи, а единствено може да се пофали со погодоци во турскиот национален куп.

Во потрага по „финалниот“ договор

Јасно е дека Пандев во моментов се наоѓа во не така завидна позиција. Не смее да погреши во изборот на неговиот следен клуб, како што тоа се случи есеноска со Галатасарај. Тој е во зрели фудбалски години (31), и неговиот следен договор многу веројатно е и последниот кој Пандев може да го одработи на меѓународна сцена во сериозна фудбалска конкуренција. Токму затоа Пандев повторно пикира на Италија, шампионатот каде што фудбалски се образуваше, созреа и очигледно сака да финишира. Тимот на Џенова тоа му го нуди, а дали Пандев ќе се одлучи за трансфер во моментно седмопласираниот тим во Серија А останува да видиме. Не треба да повторуваме дека Пандев беше дел од младинскиот, но и сениорскиот погон на Интер, со него освои многу трофеи, а беше дел и од Анкона, Лацио и Наполи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...