Бомба го затвори стадионот во Дортмунд

Неексплодирана бомба од Втората светска војна го затвори стадионот на Борусија Дортмунд „Сигнал Идуна Парк“. Прес-конференцијата на која Јирген Клоп требаше да зборува за очекувањата на дербито на Рур против Шалке в сабота беше преместена во тренинг центарот во Бракелсберг.

Целата област околу спортската арена била евакуирана, а локалните власти ги презеле сите неопходни мерки за деактивирање и отстранување на бомбата тешка 250 килограми на безбедно место.

Истата била забележана за време на теренските снимања и тоа под паркингот покрај западната трибина на стадионот. Се претпоставува дека бомбата е британска и била поставена за време на влегувањето на сојузничките сили во 1944 и 1945 година.

Да се пронајде таква бомба е нешто нормално за Германија, особено во Дортмунд, кој за време на Втората светска војна бил еден од најбомбардираните градови, а ова не е првпат бомба да биде пронајдена на стадионот на Борусија. За време на реконструкцијата на арената за Мундијалот во 2006 година под теренот за игра била пронајдена неексплодирана бомба од Втората светска војна тешка 450 килограми. Истата била деактивирана и пренесена на сигурно место.

Стадионот на осумкратниот германски шампион е со капацитет 81,000 гледачи за лигашки натпревари, а 66,000 за интернационални натпревари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...