ХЛЕБ: Не знам ништо за Македонија

Иако е веќе при крајот на кариерата, има 33 години и настапува за турскиот состав Генчлербирлиги сепак тој е најпознатиот и славен фудбалер на селекцијата против која играме во петок во Скопје. Александар Хлеб и се е кажано. Офанзивниот играч за врска кој во својата кариера блескаше во дресовите на големата Барселона и „топџиите“ од Лонсон на Арсен Венгер. Искусниот фудбалер ќе ја предводи својата селекција на нашата арена за два дена. Тој во пресрет на дуелот ја даде следната изјава:

„Имаме лош старт во квалификациите но и можност со добри игри и резултати да се оправиме и да се вратиме во циклусот“, нагласува Хлеб кон на 66 средби за националниот тим има постигнато 6 голови од кои само еден во квалификациски меч и тоа во 2009 година на гости кај Казахстан.

И покрај тоа што е најпознат Хлеб во моментов е дел од составот на Белорусија во кој главни се играчите од БАТЕ Борисов кои со игрите во Лигата на шампионите даваат до знаење дека поседуваат голем квалитет.

„За Македонија не знам ама баш ништо. Сигурно и тие како и ние ќе сакаат да стигнат до добар резултат а играат и дома. Тоа е земја од Балканот. Нешто слично како Албанија, Словенија...“, додаде Хлеб за информациите кои ги има за нашиот национален тим.

ДА ГО ИЗРАДУВАМЕ НОВИОТ СЕЛЕКТОР

Белорусија стартуваше со кикс во Луксембург каде одиграа 1:1 а потоа следеа домашните порази од Украина (0:2), Словачка (1:3) и гостинскиот од Шпанија (3:0) по што федерацијата одлучи да му даде отказ на Андреј Зигмантович и за нов селектор во декември да го наименува Александар Кхатцкевич.

„Имаме мотив повеќе за оваа средба во петок. Да се избориме за добар резултат на дебито на нашиот нов селектор. Посакувам да ја прекинеме серијата од три порази во низ и да имаме прилика до крајот на овој циклус да се бориме за подобар пласман во квалификациската група. Македонија не е од рангот на Шпанија, Словачка и Украина и тука е нашата шанса“, додава Александар Хлеб кој ќе има задача да ја добие играта на средината од теренот и да им сервира топки на голгетерите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...