Со изменет среден ред по триумф

Во отсуство на Аријан Адеми и на Марио Ѓуровски, средниот ред на нашиот национален тим ќе биде ослабен пред дуелот со Белорусија. Селекторот на нашата репрезентација, Бошко Ѓуровски, се откажа од неколку фудбалери на кои сметаше на минатите мечеви. Го нема ниту Демири, нема да биде во националниот тим и Глигоров, не е тука Бабунски...

Токму „срцето на теренот“ е можеби најважниот сегмент во играта на еден национален тим, а проблемите во средниот ред кај нас и така постоеја, и сега се зголемени по откажувањето на неколкумина и по менувањето на списокот. Сево ова отвора неколку дилеми кај селекторот Ѓуровски, кој сега ќе мора да прави „рокади“ во составот и тоа токму пред најважниот натпревар во овие квалификации.



ХАСАНИ ПОСЛЕДЕН ИГРАЧ ЗА ВРСКА

Според она што можеше да се забележи до сега, нова улога во репрезентацијата ќе добие Ферхан Хасани. Иако е офанзивен фудбалер од средниот ред, сепак, многу веројатно е дека тој ќе биде прекомандуван во дефанзивата, односно ќе биде како последен играч за врска. Фудбалерот на Брондби цело време се наоѓа на таа позиција на теренот низ тренинзите во формацијата која се „кова“ пред утрешниот меч. Интересно ќе биде да се види како ќе се снајде Хасани на таа позиција, иако тој играше таму кога селектор беше и Чедомир Јаневски. Беше пробан на тоа место и не дејствуваше лошо, меѓутоа прашање е колку ќе одговори на предизвикот ако се знае дека во Брондби неговата улога е сосема поинаква и ако се знае дека тој може да придонесе многу во креативноста во нападот.



ДИЛЕМА МЕЃУ БАРДИ И ПОЛОЖАНИ

Ако Бошко Ѓуровски се реши за формација 4-2-3-1 (затоа што се двоуми и за 4-4-2), тогаш ќе мора некој да му прави друштво на Хасани за таа „двојка“ последни играчи за врска. Дилемата е дали таму да се најде Артим Положани или Енис Барди, кому природна позиција им е токму таа. За тоа место конкурира и фудбалерот на Работнички, Душко Трајчевски, иако во некоја варијанта таму влегува и Александар Трајковски. Ама ако се има предвид фактот што таму ќе има веќе еден креативец во името на Хасани, во тандем со Трајковски прашање е како ќе функционира сето тоа ако се има предвид дека на тие позиции потребни се играчи кои имаат подобри дефанзивни карактеристики.

ТРАЈКОВСКИ ОДИ ЛЕВО, ИБРАИМИ ПОМАГА ВО ШПИЦ?

Александар Трајковски ќе се најде во средината на теренот, но на странична позиција. Најверојатно, тој ќе биде по левата страна и ќе помага и во нападот и во средината на теренот, но и во одбраната кога има потреба на левиот бек. Ибраими многу веројатно е дека ќе оди во средината, да биде поддршка за нападот, додека Абдурахими оди на десно крило, онаму каде што играше со Украина, Луксембург и Белорусија. Ибраими ќе се уфрла и во нападот каде што ќе му помага на Блажевски во „шпицот“. И тука во нападот постојат одредени дилеми за кои ќе пишуваме подолу во овој текст.

БЛАЖЕВСКИ СО ВЕЛКОСКИ ИЛИ САМ...

За дилемите во нападот. Блажевски сам или со некого...? Тоа се прашува и самиот селектор кој доколку се одлучи за двајца напаѓачи, тогаш ќе ја менува формацијата, со тоа што во тој случај Агим Ибраими би заминал на левата страна, во средината би се нашле Хасани и Трајковски, а десно би останал Абдурахими. Во тој случај нашата репрезентација ќе биде нешто поофанзивна и оние кои ќе играат во средниот ред ќе треба да помагаат во одбраната, иако сите овие гореспоменати се офанзивни играчи со нешто послаби дефанзивни предиспозиции. Варијантата за 4-4-2 формација го носи Крсте Велкоски во „тандем“ со Дејан Блажевски кои ќе бидат задолжени за голови против Белорусите. Тие двајца се очекува да бидат изборот на Ѓуровски, доколку селекторот се одлучи да оди во целосна офанзива кон бодовите.



ДЕФАНЗИВАТА СО ДЕБИТАНТОТ МАРКОСКИ

Кај дефанзивата, пак, Бошко Ѓуровски и нема некои поголеми дилеми. Очигледно е дека таму одиме со Стефан Ристовски на левата бековска позиција, и со Даниел Георгиевски на десната. Едната стоперска позиција е „резервирана“ за Ванче Шиков, додека на него друштво ќе му прави не Мојсов или Дамчевски кои играа во досегашниот тек на квалификациите, и кои не се најдоа на најновиот список на нашиот селектор, туку Бојан Маркоски кому ова ќе му биде прв официјален настап во националниот тим на Македонија. Со тие фудбалери ќе се браниме од налетите на Белорусите. И одбраната исто како и средината претрпе неколку измени, особено што покрај Маркоски, во оваа селекција во овие квалификации дебитира и Георгиевски на десно. Тој доби повик и на минатиот дуел со Словачка, меѓутоа во последен момент избркан поради кавга со Јаховиќ. Сепак, тој се извини и еве го одново во дресот на Македонија. Голманската позиција е за Томе Пачовски, кој е капитен на оваа репрезентација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...