Потребна е сплотеност - да бидеме единствени

Агим Ибраими е фудбалерот кој ја презеде лидерската улога во нашиот национален тим. Македонскиот репрезентативеци напаѓач на Марибор од италијанскиот Калјари се врати во првакот на Словенија и беше главната алка во успешните квалификации и пласманот на Марибор во групната фаза од Лигата на шампионите. Играчите го даваат најдоброто од себе на клупските натпревари, нивото на игра мора да биде на исто ниво и кога се настапува за репрезентацијата, вели Ибраими.



“Не се предаваме, секој натпревар е тежок, но ние играчите мора да веруваме. Потребна ни е сплотеност, да бидеме единствени, да се поддржуваме и да се надеваме на успех. Еден играч како поединец не може да реши натпревар, сите играме за еден дрес и треба да го дадеме најдоброто од себе на секој натпревар. На тој начин се однесуваме во клубовите, така мора да биде и во репрезентацијата. Сакам да уживам во работата со овој тим, како на подготовките, така и на натпреварите. За секој состав е важен тимскиот дух и позитивната атмосфера, се надевам дека заеднички ќе го подигнеме на повисоко ниво со цел да уживаме во играта и во резултатите.Мислам дека имаме потенцијал и квалитет да ја победиме Белорусија, иако во тимот има неколку нови фудбалери. Ако бидеме поагресивни и поорганизирани во однос на последниот натпревар имаме шанса за победа. Покажавме дека можеме да создаваме шанси, треба да бидеме похрабри и да реализираме“.

 

Која е нашата предност во однос на Белорусија?

„Притисокот за успех се наметнува кај двете репрезентации. Ова е прв натпревар меѓу двете селекции, но играме на домашен терен, реков, треба да бидеме агресивни, прецизни и организирани. Белорусија е цврста екипа, но ако одиграме тактички паметно и храбро во завршницата од акциите можеме да се радуваме. Ова е важен натпревар, мислам дека добро го анализиравме противникот и ќе се бориме за победа. Колективот треба да биде нашата предност. Ќе се обидеме да одиграме брзо, офанзивно, паметно. Ќе ни треба и среќа“.

Минатата година беше прогласен за  фудбалер на годината во Македонија сега си еден од најдобрите репрезенти на македонскиот фудбал во странство. Колку ти значат признанијата?

„Голема чест за мене. Благодарност до сите мои соиграчи во Марибор и во репрезентацијата на Македонија, на сите тренери и спортски директори. Тоа е навистина признание кое доаѓа од колективот. Повеќе би сакал да направам успех со репрезентацијата на Македонија. Веќе успеав да освојам речиси се со екипата на Марибор, бевме дел од Лигата на шампионите, ми недостасува големо натпреварување со репрезентацијата на Македонија.Се надевам дека ќе го оствариме тоа, ако не веруваме, нема да бидеме тука“.



Имаше многу шпекулации околу фудбалската иднинат на Агим Ибраими. Го достигна врвот со Марибор, бевте дел од елитата на УЕФА, се шпекулираше со имиња на клубови од типот на Феенорд, ПСВ Ајндховен, Хамбургер, Ајнтрахт Франкфурт, Саутемптон...

„Кога се трудиш, кога даваш се од себе на секој тренинг, секој натпревар, се појавуваат силни клубови кои се заинтересирани за тебе. Сконцентриран сум исклучиво на Марибор, а за трансфер политиката во клубот одлучува Златко Заховиќ. Тоа што сум сакал да го постигнам како дете, сум го постигнал во дресот на Марибор и секогаш сум подготвен да дадам се од себе за Марибор. Не е лошо и доколку до крајот на кариерата останам во Марибор„.

Дали голот против Челзи ти е најдраг во кариерата?

Па, би рекол да, исто така и голот против данската репрезентација ми е еден од омилените. Голот против  Челзи е историски бидејќи успеавме да освоиме бод на тој натпревар против една многу силна екипа.



Што најмногу ти недостасува од Македонија, од Тетово?

Фамилијата и пријателите.

Што музика слушаш?

Секаков вид музика, слушам се. Морам да напоменам дека во Марибор имаме диџеј, а тоа е Јасмин Хандановиќ, нашиот голман. Порано сите носевме слушалки, но кога Хандановиќ стана диџеј работите се сменија, што би рекле во Марибор, почна да грми во соблекувалната пред секој натпревар.




Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...