Селекциите на Франција и Бразил синоќа во Париз одиграа пријателски натпревар во кој „кариоките“ си заминаа со победа од 3-1.
Рафаел Варан го отвори резултатот за „петлите“ во 22-та минута, но Оскар, Нејмар и Луис Густаво успеаа со пресврт да донесат победа со резултат 3-1 на Стад д Франс стадионот во Париз. Голот на капитенот Нејмар беше 43-от во репрезентативната кариера, а пред почетокот на самиот натпревар беше оддаена почит на загинатите во авионската несреќа во француските Алпи со едноминутно молчење.
Но, што напишаа медиумите за натпреварот Франција-Бразил?