Понуда за Јувентус за враќање на одземените шампионски титули

Фудбалската федерација на Италија ја разгледува можноста на екипата на Јувентус да и бидат вратени двете одземени титули шампион на Италија.

Претседателот на федерација Карло Тавекио изјави дека ќе размисли за враќањето на тутулите само доколку „Старата дама“ ги повлече тужбите за обесштетување во износ од 443 милиони евра.



- Бев еден од ретките навивачи на Интер кој никогаш не го навредил Јувентус кога победуваше. Она што ме мачи е тужбата на Јувентус и тоа е голем проблем. Како да се договорам со некој кога ме тужи за 443 милиони? Сакам случајот да го решиме, бидејќи во спротивно Федерацијата ќе банкротира, изјави Тавекио за италијанскиот весник „Тутоспорт’’.

По големиот скандал „Калчополи“ во 2006 година, кој го потресе италијанскиот и светскиот фудбал, најтрофејниот италијански тим беше исфрлен во „Серија Б’’ и му беа одземени две титули, откако поранешниот генерален директор Лучиано Моџи беше обвинет и осуден за близок однос со судиската организација и местење на натпревари.

Во меѓувреме Моџи беше ослободен од две обвинувања во врска со „Калчополи“ за што првобитно доби две години и четири месеци затвор, додека третото обвинение е отфрлено поради застареност.

Според најновата пресуда на цивилниот и судот за спортски криминал, гигантот од Торино побарува оштета од 433 милиони евра и враќање на двете титули од страна на Фудбалската федерација на Италија.



Првиот човек на Федерацијата, истакна дека претседателот на Јувентус, Андреа Ањели е подготвен за договор, но и дека разговорите се уште не се започнати.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...