Бошко е минато свршено време

На Македонија и дефинитивно не ѝ е потребен Бошко Ѓуровски. Тоа е факт, тоа е веќе јасна работа со оглед на тоа дека предводникот на националниот тим ја доби поддршката, ја доби функцијата, но ништо од тоа не искористи затоа што резултатите се против него. Настапите во квалификациите му пресудија на Ѓуровски, кој заминува во неславната историја на нашиот национален тим како селектор без голем резултат зад себе. Четири победи и една среќна победа над Луксембург и толку!? Тоа е она што се брои, но она што е пострашно е климата, атмосферата и изгледот на државниот состав кој личи на раштиман оркестар без јасна цел, без одредена визија и без никакви шанси за блескава иднина. Премногу експерименти, премногу фудбалери без основа да го носат репрезентативниот дрес и на крајот бездна од која нема спас. И што при една ваква слика и хаварија!? Отказот за селекторот е најмала работа која треба и која се случува во деновите зад нас и деновите кои се пред над. Отказот е нормална работа во нормална држава и федерација и нема тука за што да се дискутира.



ТРЕБА ДА СЕ БИДЕ ГОЛЕМ И ВО ПОРАЗИТЕ

Бошко Ѓуровски останува име и презиме за македонскиот фудбал без разлика на неговата неславна епизода во националниот тим. Селекторот кој е пред отказ вината за неуспесите треба да си ја гледа во сопствените редови, во сопствените потези и во сопствениот избор на фудбалери. Долго сме во фудбалот како новинари и добро знаеме дека селекторот беше осуден на пропаст откако ќе ги соопштеше составите за секој меч, а посебно за овој пред Белорусија. Но, она што нè чуди е обидот за спас. Што може тука да се спаси кога веќе сè е потонатo? И по Белорусија, а и по Австралија селекторот се обидува да се извлече со нереални изјави кои и самиот знае дека немаат основа. Токму Ѓуровски како фудбалскo име кое играло по светот и кое работело како тренер треба да има осет и да биде свесен дека до тука било. Нема повеќе за што да се троши време затоа што тој дојде на голема врата. Ја имаше поддршката од сите па и медиумите како ретко кој селектор во минатото. Ја имаше, но веќе ја нема со оглед на тоа дека сите брзо прочитаа дека неговата работа и стил на функционирање е без никаков ефект. Нема тука простор за напредок туку од ден во ден е сè полошо и полошо.

СТАДИОНОТ ПРАЗЕН, ИГРАТА ОЧАЈ

Не сме ние фудбалска велесила па да кажуваме дека резултатите сега се лоши и затоа селекторот треба да си оди. И порано сме губеле, сме менувале селектори, но никогаш не сме биле толку очајни и толку безнадежни. Играме квалификациски меч, а трибините се празни. Е тоа не било претходно. Претходно сме играле, сме губеле, но имало публика. Сега и таа публика крена раце од репрезентацијата. Националниот тим стана поле за потсмев и цел за навреди со најбезобразни содржини. И што!? Изгинаа сите. Од селектор, до фудбалери и раководство на ФФМ. Сите се бесни и сите немаат верба во репрезентацијата. Таа верба се стекнува со работа, со добра игра и со смисла за добра иднина. Ние во моментов немаме ништо од споменатите три фактори. А ја загубивме најголемата шанса за голем подвиг за место во бараж. Ние на пола од квалификациите сме далеку дури и од третото место кое води во баражот за ЕП.



ЗБЕСНАА И ФУДБАЛЕРИТЕ, НЕ ИМ СЕ ИГРА

Дека компасот е загубен во националниот тим се виде уште пред една година. Кога беше ждрепката кога требаше да се прави тимот за новиот циклус. Никој не собра сили да седне на маса со Горан Пандев. Тоа е големата грешка - најголемата. Кога Пандев крена раце следеше отказот на Новески, отказот на Тричковски... Се бараа нивни замени ни таквите ги нема. Не сме ние фудбалска велесила па да имаме соодветни замени. Се појавија многу дупки на многу критични позиции. Влеговме неспремни во квалификациите без темел на тимот. Темелот го немаме и денеска по 5 кола затоа што ние сè уште талкаме, сè уште го бараме тимот и сè уште можеби сме репрезентација со најголем број фудбалери кои продефилирале на списокот од селекторот. Без основа! Така не се игра на маалски фудбал а не во репрезентација, квалификации и желба за ЕП. Од ваквиот начин на работа збеснаа и оние кои нешто вредат. Ибраими „пука“ од нервози, Шиков исто така, Пачовски шири раце, а Адеми можеби жали што ја одбра Македонија пред Хрватска. За успех потребни се успешни 11 алки и добра клупа. А за вакви очајни резултати и не ни треба селектор затоа што и со него и без него ќе бевме исти, а можеби и подобри.



ОДЛУКАТА ВО ВТОРНИК, А НЕ УТРЕ

Голем е револтот за работата на селекторот и кај членовите на УО на ФФМ. И тие се свесни дека резултатите се очајни и дека атмосферата во репрезентацијата е крајно сериозна. Треба да се повлече првиот потег и тој е очекуван. Во понеделникот ФФМ без став за Бошко Ѓуровски затоа што истиот ден имавме тест меч со Австралија. Претседателот Илчо Ѓоргиоски истиот ден најавил итна седница поврзана со националниот тим и селекторот за утре, четврток, за вчера да се случи корекција на одлуката и состанокот на УО е закажан за во вторник поради обврските на дел од членовите на ова тело на ФФМ. И во ФФМ се свесни дека покрај селекторот огнените стрели се упатени и на нивна адреса затоа што тие пред 15 месеци вербата и клупата му ја дадоа на Бошко Ѓуровски.

СО КОГО НА КЛУПАТА, КАКО ПОНАТАМУ...!?

Кој би се нафатил сега да седне на жешката клупа!? Кој би бил тој кој би собрал храброст и кој би го прифатил предизвикот да биде селектор на селекција која е тотално уништена!? Кој и да биде ќе треба да ги смири страстите и да почне од „нула“. Да го склопи тимот, да најде решенија. Новиот би добил шанса до крајот на циклус. До ноември за да се докаже со селекцијата, а потоа да се коментира за неговата иднина поврзана со репрезентацијата. Треба да се бара домашен профил, разумен човек без никаква хипотека и човек кој знае како е да се биде тренер, да се има успех и да се носи дресот со државниот грб. Потребен е визионер, работник и тренер со авторитет. Таков ФФМ треба да најде. Треба да најде и тренер кој би го спасил бродоломот и селектор кој би бил во функција на младата репрезентација. Сега кога сениорите се „загубија“ во квалификациската група нашата надеж се младите. Таму треба да играат Бабунски, Барди, Радевски, Велковски... Таму ни е шансата и таму има штоф со оглед на одличниот настап на селекцијата до 21 година на тест средбата со Словенија. Време е да се најде стратегија и интерес, а не да талкаме и талкаме без основа како што тоа го правиме со години и години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...