Днипро во Киев ја пишува клупската историја

Ремито во Бриж пред една недела му дава надеж на украинскиот Днипро со победа вечерва да го направи најголемиот клупски успех во историјата. Поради нестабилната политичка ситуација во Украина тимот од Дњепропетровк е принуден сите свои натпревари во оваа сезона да ги игра на Олимпискиот стадион во Киев (на ривалот Динамо), но и покрај тој хендикеп реди победи и ита кон полуфиналето на Лигата на Европа.



Днипро одигра 0:0 во Бриж пред неколку денови и може да жали што не победи бидејќи имаше многу посериозни шанси од белгискиот тим. Сега пред своите навивачи ќе треба да победи. Украинскиот тим треба да има предвид дека Бриж е единствениот четвртфиналист без пораз оваа сезона во Лига Европа и притоа има шест победи од седумте мечеви на гости. Освен тоа доаѓаат во Киев полни со самодоверба бидејќи го освоија трофејот од националниот Куп, а во неделата го победија Андерлехт во големото дерби во белгиското првенството. Традицијата е на страната на белгискиот клуб, кој ги помина претходните два четвртфинални двобои во Европа (против Милан во 1975/76 и Панатинаикос 1997/98).

„Она што е најважно е да не се залетуваме. Полека да ја градиме нашата игра и да го притискаме противникот. Ова е многу важен меч и секоја грешка може да биде фатална. Противникот игра брзо и е опасен во контранападите тоа неколкупати им го напоменав на играчите. Мора да се внимава“, изјави тренерот на Днипро, Мирон Маркевич, кој може да се пофали со фактот дека неговиот тим победи на трите последни натпревари од ЛЕ пред своите навивачи без да прими гол.



ПРУДОМ: НАЈСИЛЕН ПРОТИВНИК СЕЗОНАВА

Ако во првиот натпревар на домашен терен не можеше, сега екипата на Бриж мора да ја затресе мрежата на Днипро. 13-кратниот белгиски првак е во добар ритам во моментов и не би сакал сега да го расипе впечатокот.

„Мислам дека ремито на првиот меч беше фер резултат затоа што двата тима имаа ’моменти’. Жалам што не постигнавме погодок и сега тоа ќе мораме да го направиме во Украина. Можам да кажам дека овој меч е покер бидејќи и Днепр мора да даде гол. Моите момци ќе сторат сè да го отворат противникот за кого знаеме дека е силен пред своите навивачи. Неколкупати деновиве потенцирав дека Днепр има силни индивидуалци и одлична организација. Тоа се главни фактори кои ги донесоа до четвртфиналето. Днепр е можеби најсилниот противник со кого се среќаваме сезонава во Лига Европа“, изјави тренерот на Бриж и поранешен белгиски голман Мишел Прудом.

ДИНАМО БРКА ПОБЕДА ВО ФИРЕНЦА

Во полуфиналето на Лига Европа може да гледаме два украински тима, се разбира под услов да победат Днипро и Динамо Киев. Динамо вечерва ќе брка триумф или реми со повеќе од два гола на гости кај Фиорентина. Пред лидерот во украинскиот шампионат е тешка мисија бидејќи Фиорентина нема пораз од украински екипи вклучувајќи ги и петте претходни дуели со нивниот вечерашен противник.



Динамо го освои поранешниот КПК во сезоните 1974/75 и 1985/86 и стигна до четвртфиналето на Лига Европа во 2010/11. Фиорентина зад себе има финалиња во КЕШ и Купот на УЕФА и трофеј во КПК.

Тренерот на Динамо, Сергеј Ребров, во Фиренца поведе 20 фудбалери, а меѓу нив не се повредените Диомерси Мбокани и играчот од средниот ред Мигел Велосо. Антунес иако не е доволно заздравен се најде на списокот на патници за Италија.

„Ќе се бориме за место во полуфиналето. Сите сме оптимисти и веруваме дека можеме да победиме во Фиренца. Знаеме дека вториот меч ќе биде поинаков, но шансите за пласман во следната рунда се изедначени. Многумина беа разочарани што испуштивме победа на првиот меч во Киев, но верувам дека ќе возвратиме во Италија и ќе одговориме на критиките што ги добивавме изминатите неколку денови“, изјави најдобриот напаѓач на Динамо, Андреј Јармоленко.

ЗЕНИТ МОРА ДА БИДЕ МАЕСТРАЛЕН

На освојувачот на трофејот во Лига Европа од 2008 година Зенит ќе му треба многу напор и среќа за да го елиминира актуелниот шампион на турнирот Севиља. На мечот во Шпанија Севиља ја однесе победата иако рускиот тим поведе, меѓутоа резултатот е отворен и Зенит има шанса пред своите навивачи да брка пласман во полуфинале.

Кај Зенит се враќаат Хулк, Доменико Кришито, Игор Смолников и Дани, кои не настапија на првиот меч поради суспензии, меѓутоа од истите причини сега во аут се Езекиел Гарај и Александар Ријазанцев, а поради повреди отсуствуваат Виктор Фајзулин и Павел Могилевец.



Севиља е мајстор за Лигата на Европа бидејќи во последните две години дури трипати го освојуваше пехарот. Шпанците знаат дека ги очекува жесток меч во Санкт Петербург против далеку посилен финансиски клуб, но веруваат дека со своето најсилно оружје: тимската игра и високата мотивација, на ваквите натпревари можат втора година по ред да влезат во полуфиналето на најмасовното европско клупско натпреварување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...