Ешли Јанг беше познат како „диџеј“ во соблекувалната на Манчестер јунајтед, но сега признава дека добива стриктни наредби од менаџерот Луис ван Гал и тоа да пушта само хаус и фанки-хаус музика. Јанг гостуваше на МУТВ станицата со пејачот Оли Марс, кој го праша дали неговите песни се пуштаат во соблекувалната.
„Би сакал да ги пуштам, меѓутоа менаџерот ми кажа дека смеам да пуштам само фанки-хаус или хаус. Сериозно, тој ги бира песните“, вели Јанг.