Време е Венгер да го победи Мурињо

Ново коло нови возбудувања во Премиер-лигата. Само една недела по дербито меѓу Челзи и Манчестер Јунајтед ни доаѓа нова мега-пресметка во најсилната англиска лига, и тоа помеѓу лидерот Челзи и второпласираниот Арсенал, и тоа на стадионот „Емирати“ во северен Лондон.

Повторно пресметка меѓу Арсен Венгер и Жозе Мурињо. Сè уште се свежи сеќавањата од нивното меѓусебно кошкање за време на дуелот во октомври минатата година кој Челзи го доби со 2:0. Венгер е фрустриран од честите реакции на Жозе кон судиите, но и од тоа што никако не може да најде противудар за Португалецот. Французинот нема ниту една победа против Жозе, а исто така го има доживеано најпонижувачкиот пораз токму од Мурињо. Тоа се случи на мечот на 22 март во 2014 година кога Французинот одбележуваше јубилеј (1000 меч на клупата на „топчиите“) и загуби со 6:0.

В недела францускиот тренер ќе се обиде да ја запише првата победа. А за тоа постојат многу аргументи. Како прво, неговиот тим игра брилијантно во пролетниот дел од сезоната и се искачи на втората позиција на табелата, потоа е во најдобра форма од сите екипи во Европа (најмногу освоени поени од стартот на 2015 година во топ 5 лигите) и е во серија од осум победи во Премиер-лигата, а минатата недела избори пласман во финалето на ФА Купот по триумфот над Ридинг. За Венгер единствен проблем ќе биде како да го разбие „бункерот“ на Мурињо. Португалецот е специјалист да ја „убие“ играта со тоа што ќе намести челичен ѕид пред својот гол и да го чека на контра-напади. Таквиот пристап му успеа неколкупати во кариерата, а и на минатонеделниот меч со Манчестер Јунајтед на кој не доминираше, но го доби со 1:0. Така Венгер треба добро психолошки да ги подготви своите фудбалери за овој дуел со Челзи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Двајца излегле со своите жени низ чаршија да се прошетат но и двајцата ги изгубиле своите жени.
И почнале да ги барат.Барајки ги жените и двајцата се судриле.Првиот рекол:Извини...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
570.- Во Мека е роден Мухамед, основач на...
1653.- Водачот на Англиската револуција Оливер...
1657.- Англиската флота, под команда на адмирал...
1768.- Умре италијанскиот сликар Каналето, еден...