Чистка во Реал: Фановите не го сакаат и Касиљас!

Во екипата на Реал Мадрид се подготвува чистка, а кои играчи ќе си заминат ќе се знае по завршувањето на сезоната. Ако се суди според она што беше дознаено од анкетата на „Марка“, која важи како весник кој е приврзаник на клубот, сосема јасно е дека капитенот Икер Касиљас повеќе не е посакуван како во минатите години.

Дури 58 проценти од испитаниците се изјасниле за заминување на Касиљас, а тој е трет на листата според тоа каква е желбата на фановите. Поголем процент на листата имаат само Алваро Арбелоа (гласале дури 77 проценти) и Фабио Коентрао (76%).

Зад нив со висок процент се наоѓаат и Лукас Силва (56%) и Хавиер Ернандез (49%) така што ова е петката за која фановите повеќе не даваат поддршка и повеќе не би сакале да ги гледат во дресот на Реал.

АНЧЕЛОТИ ДА ОСТАНЕ

При гласањето на анкетното прашање дури 59 проценти од испитаниците се изјасниле дека Карло Анчелоти би требало да остане во клубот. Од друга страна, тој е добро решение и тренер кој ќе може да го врати тимот на победничките патеки.

РАМОС Е ПОВРЕДЕН

Листата на повредени во Реал Мадрид има нов член, а тој е Серхио Рамос, кој ќе ги пропушти дуелите со Еспањол и Гетафе. Тој се повреди на реваншот против Јувентус, а како што се вели во соопштението мечот го доиграл и покрај болките.

Инаку, Рамос поради повредата предвреме ја завршува сезоната.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...