Бенитез и Лопетеги во комбинација

Стратегот од Италија, Карло Анчелоти, дефинитивно ќе си замине од Реал Мадрид, па тој, најверојатно, ќе биде првиот што ќе си замине од таборот на „кралевите“ после лошата сезона во која не беше освоен ниту еден трофеј. Во комбинација се Рафаел Бенитез, Јирген Клоп и Жулен Лопетеги.

Веќе се прават напори за ангажирање нов стручњак, а Жозе Мурињо, за кој се сметаше дека може да се врати на „Бернабе“, веќе му кажал не на Флорентино Перез. Самиот вели дека контактот меѓу нив двајца не бил за работа туку за честитки за освоената титула во кошарка во Евролигата.



„Му се јавив на Флорентино за да му ја честитам титулата во кошарка, која знам дека му значи многу. Немаше контакти за работа бидејќи јас немам намера да го напуштам Челзи. Имам договор на уште две години, па планирам да го одработам до крајот“, вели Мурињо.

Од друга страна веќе се зборува за уште тројца тренери кои би можеле да добијат шанса за да работат кај „кралевите“. Меѓу нив се Рафаел Бенитез, Јирген Клоп и Жулен Лопетеги.

Рафа одлично ги познава условите во шпанскиот фудбал, а во минатото беше одличен на клупата на Валенсија. Јирген Клоп се чини дека има најмалку шанси бидејќи турските медиуми велат дека е пред потпис со Фенербахче. Жулен Лопетеги сезонава имаше добри резултати со Порто, па на тој начин успеа да се промовира како тренер кој одлично си го познава занаетот. Тој во Шпанија има работено како селектор на младинската селекција.

Останува на Перез да одлучи со кој тренер ќе тргне во новата сезона во поход по трофеи и враќање на патеките на трофеите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...