Лацио може да го урне сонот на Јуве

Вечерва во Рим ќе се одржи финалето на Купот на Италија, а се среќаваат екипи кои сакаат да остават белег на сезоната. Шампионот Јувентус атакува на 10. титула во Купот, односно се надева дека третпат во историјата ќе ја освои двојна круна во Италија. Во меѓувреме Лацио, кој го освои Купот во 2013 година, сака да ги израдува своите навивачи со триумф на свој терен.



Јувентус го држи курсот, па посакува да го обезбеди вториот пехар на домашно тло сезонава и потоа целосно да се концентрира на европската титула која ќе ја брка против Барселона во Берлин на 6 јуни. „Старата дама“ освои двојна круна во сезоните 1994/95 и 1959/60 додека ниту еднаш нема тројна круна (единствен италијански тим со таков ефект е Интер во 2010 година). Лацио во историјата има шест трофеја во националниот Куп, а оној во 2004 година го обезбеди по триумфот над Јувентус.

Лацио освен што мисли на финалето мисли и на задржување на третото место на табелата во Серија А кое обезбедува квалификации за Лигата на шампионите. Наполи атакува на истото, а до крајот на шампионатот има уште две кола (да потсетиме дека идната недела ќе игра против Рома). Лацио не го сака најлошото сценарио и да остане со „празни раце“ во финишот на сезоната. Составот од Рим се надева дека домашниот терен може да им даде предност на дуелот со неуморниот противник кој последните години доминира во домашниот шампионат.



„Се среќаваме со најдобриот тим од Италија и еден од најдобрите во Европа. Јуве е максимално концентриран поради тоа што ’трча’ по трите титули сезонава. Нам ни треба перфектна игра, а фактот што играме на Олимпико пред многу наши навивачи нè мотивира да одиграме најдобро. Имаме финале за кое сонувавме. Мислиме на победа и верувам дека ќе успееме да го совладаме големиот противник“, вели тренерот на Лацио, Стефано Пиоли.

Масимилијано Алегри бара од фудбалерите засега да заборават на Лигата на шампионите и да мислат на Купот на Италија и на Лацио бидејќи пред себе имаат сериозен противник.

„Точно е дека сонот ни е трофејот од Лигата на шампините и победа над Барселона. Тој натпревар го играме на 6 јуни. Значи сега мораме да заборавиме на Меси, Нејмар, Суарез и да се фокусираме на Клосе, Кандрева, Кеита, Андерсон (играчите на Лацио). Знаеме дека задачата против Лацио нема да биде лесна. Мислам дека треба добро да се подготвиме и да не влеземе на мечот опуштени“, вели Алегри.

„ЦРНО-БЕЛИТЕ“ БЕЗ МОРАТА И МАРКИЗИО

Јуве успеа да се пласира во финалето на Купот по триумфот против Фиорентина. Но „Старата дама“ поради картони ги загуби напаѓачот Алваро Мората и плејмејкерот Клаудио Маркизио за финалниот меч против Лацио. Двајцата се суспендирани, а тренерот Алегри ќе мора да прави претумбации во составот.



„Разочаран сум што нема да играм, но уверен сум дека моите колеги ќе ја завршат работата и ќе донесат уште еден трофеј. Ние сме научени да мислиме на победа без разлика против кого се игра“, изјави Мората.

Веројатно во нападот ќе го видиме Фернандо Љоренте, кој сезонава немаше голема минутажа, а може да го одмора првиот голман Џанлуиџи Буфон и да се потпира на искусниот Марко Сторари, кој ги одигра сите натпревари од Купот сезонава.

На спротивната страна Пиоли нема големи проблеми. Кандрева и Андерсон се во најдобра форма, во тимот по повредите се враќаат Мирослав Клосе, Сантијаго Џентилети, Стефан де Вриј, а поради повреда не се достапни Лукас Биља, Едерсон и Лорик Цана.



ЈУВЕ ЧЕКА НА ТРОФЕЈОТ 20 ГОДИНИ

Последен пат „Старата дама“ го освои трофејот од Купот на Италија во сезоната 1994/95 по триумфот над Парма во финалето. Од тогаш одигра уште три финалиња и сите ги загуби. Лацио триумфираше во 2013 година под раководство на Владимир Петковиќ по победата над градскиот ривал Рома со 1:0.

Во 2004 година Јувентус и Лацио се пресметаа во финалето на Купот, а римскиот клуб беше поуспешен. Првиот меч Лацио го доби со 2:0, а на реваншот во Торино одигра 2:2 и го крена пехарот по четврти пат.

Според успешност на градови на првото место е Рим со 15 трофеи од Купот (Рома 9 и Лацио 6), а на второто место е Торино со 14 трофеи (Јувентус 9 и Торино 5), а на третото место е Милано со 12 (Интер 7 и Милан 5).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...