Двојно злато по 20 години

Јувентус триумфираше во Купот на Италија и го врати овој трофеј во своите витрини. „Старата дама“ успеа со пресврт да го совлада Лацио во финалето на „Олимпико“ во Рим (2:1) и да се израдува на вториот трофеј сезонава со оглед дека претходно ја одбрани шампионската титула. Трет пат во историјата клубот освојува двојно злато, а претходно тоа го направи во 1995 година кога тренер им беше Марчело Липи.



Но Јувентус е на чекор до историски успех, а тоа е освојување на тројна круна со оглед дека на 6 јуни ќе игра против Барселона во финалето на Лигата на шампионите.

КАПИТЕНИТЕ ГИ ТРЕСЕА МРЕЖИТЕ

За финалниот меч Јувентус не можеше да смета на суспендираните Мората и Маркизио, а на голот како и досега во Купот застана ветеранот Марко Сторари додека кај Лацио го немаше стандарниот Лукас Биља поради повреда, а на голот место Маркети се најде Бериша.

Дуелот не почна добро за торинскиот тим бидејќи „лацијаните“ поведоа во првата шанса. Каталди нафрли, а Романецот Раду со глава го совлада немоќниот Сторари на голот на Јувентус. Но на изедначување се чекаше само седум минути. Маестралниот Пирло нафрли до Евра кој со глава ја врати топката во срцето на шеснаесетникот, а таму бекот Џорџо Киелини со ножички ја затресе мрежата на Лацио.



МАТРИ ВЛЕЗЕ И ПОГОДИ ЗА ТИТУЛА

Тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри одбра вистински момент кога да го внесе во игра Алесандро Матри. Италијанецот го смени Љоренте на крајот на регуларниот дел, а веќе во седмата минута од првото продолжение ја затресе мрежата. „Лацијаните“ не успеаја да се вратат по шокот иако имаа уште време за игра. Јувентус сега е најуспешен клуб во Купот на Италија со 10 освоени трофеи, еден повеќе од Рома. Лацио остана со шест.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...