Квадрадо и Оскар на продажба

Менаџерот на Челзи, Жозе Мурињо одлучи да стави двајца играчи на трансфер листата и во текот на летото да ги продаде Хуан Квадрадо и Оскар. Целта е да собере пари за да може да го купи Рахим Стерлинг од Ливерпул.

Причината поради која мора да ги продаде Колумбиецот и Бразилецот е во фактот што не сака да го наруши финансискиот фер-плеј и на ваков начин ќе се обиде да собере доволно пари за да може да ги вложи во ангажирањето на Стерлинг.



За Оскар е познато веќе извесно време дека тој ќе го напушти тимот бидејќи во последниот период играше сè помалку, додека Хуан Квадрадо не ги оправда очекувањата и не се аклиматизираше на островот иако беше донесен како големо засилување во јануари од Фиорентина.

Дефинитивно и за двајцата постои заинтересираност, па ќе нема проблеми да бидат продадени, а сумата која ќе биде потребна за Стерлинг се движи околу 50 милиони фунти.

И ФАЛКАО ВО ПЛАНОВИТЕ

Откако стана јасно дека Манчестер Јунајтед не планира да го задржи Фалкао, Жозе Мурињо изјавува дека тој е во желбите за новата сезона. Неизвесно е колку во Челзи се подготвени да платат за да го ангажираат, но останува на Монако да одлучи што ќе се случува со Фалкао.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...