Роналдо со понуда од ПСЖ

Незадоволниот Кристијано Роналдо доби состанок со првиот човек на „кралевите“, Флорентино Перез, а информациите кои доаѓаат оттаму не се многу оптимистички за фановите на Реал Мадрид.

Кристијано го известил Флорентино дека има отворена понуда од страна на тимот на ПСЖ, што воедно значи дека работите почнуваат да добиваат тек каков што се прогнозираше од неколку места.



Роналдо му признал на Перез дека не почувствувал доволно голема поддршка од клубот откако бил цел на јавноста поради роденденската забава. Воедно е незадоволен и од резултатите кои беа постигнати во сезоната што е во самиот финиш. Оттаму желбата на Португалецот била да слушне какви се плановите на Флорентино за новата сезона и каква ќе биде неговата реакција кога ќе дознае дека има понуда од тим кој нема никакви проблеми за да плати за трансферот.

Засега нема никаква реакција од Флорентино Перез, но дефинитивно станува сè поизвесно дека една од големите ѕвезди во тимот Роналдо-Бејл ќе мора да си замине ова лето пред сè поради тоа што станува тензично и на теренот кога се двајцата во составот.

Се очекува целата приказна да добие разврска во следните недела до две и веројатно тогаш ќе биде познато каква ќе биде иднината на Роналдо во Реал Мадрид.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Што е тоа мало црвено, по малку бело?
- Мравка со нога во гипс.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на спомениците на...
1797.- Роден е францускиот државник и историчар...
1820.- Роден е австрискиот композитор и диригент...
1882.- Во Лондон е роден Леополд Стоковски,...