Нојер најдобар спортист во светот

Голманот на Баерн Минхен и германската фудбалска репрезентација, Мануел Нојер, е избран за најдобар спортист во Европа и во светот за 2014 година. Наградите ги доделуваат Асоцијацијата на Европските спортски новинари (УЕПС) и Меѓународната асоцијација на спортски новинари (АИПС).

„Пресреќен сум што ги добив наградите, а немаше да бидам најдобар без помошта на моите соиграчи“, изјави Нојер.

„Нојер ја заслужи наградата поради одличните перформанси, неговата праведност, влијанието на теренот и однесувањето кон медиумите“, изјави претседателот на УЕПС, Јанис Дарас.



Нојер станува третиот фудбалер кој го добива признанието за најдобар спортист во светот од страна на новинарите. Досега тоа им успеа само на Мишел Платини (1984 година) и Лотар Матеус (1990 година). Овие награди се доделуваат од 1983 година.

„Не се случува често двете организации да изберат ист спортист. Нојер го заслужи тоа и можам да кажам дека спортските новинари го направија вистинскиот избор“, вели Ханс-Јоаким Цвингман, кој е член на Германската асоцијација на спортски новинари.

Нојер во 2014 година стана светски првак со Германија притоа освојувајќи за „Златната ракавица“ за најдобар голман на Светското првенство во Бразил, со Баерн ја освои Бундес-лигата и Купот на Германија.

Инаку, во европското гласање второто место го освои 17-кратниот гренд-слем шампион Роџер Федерер, а третото место моментално број 1 на тениската АТП листа Новак Ѓоковиќ.

Во интеранционалното гласање Федерер беше втор, а ѕвездата на Реал Мадрид Кристијано Роналдо заврши на третото место.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...