Меѓусебен интерес на ЛА Лејкерс и Вејд

Доколку Двејн Вејд летово го напушти Мајами хит, а има таква опција во договорот, негова следна дестинација би можела да биде Лос Анџелес лејкерс. Според некои најави, постои интерес и кај двете страни за евентуална соработка. Но, сите овие комбинации ќе важат ако Вејд не го добие посакуваниот повеќегодишен договор со Хит.

Познавачите сметаат дека Лејкерс не може да му понуди на Вејд поголеми шанси за победување, особено што тимот е од посилната западна конференција. Но, Лејкерс има многу пари за трошење и секако можноста да живее во Лос Анџелес е привлечна за сите, па тоа се адутите на „езерците“.


Вејд на 1 јули можеби ќе стане слободен агент, Мајами нема уште многу време за губење во преговорите и треба брзо да реагира ако сака да го задржи бекот во своите редови. Има сигнали дека Вејд сериозно размислува за заминување од клубот чиј дрес го носи во својата цела досегашна НБА кариера, а тоа се 12 сезони. Лејкерс го чека со раширени раце и трансферот би можел да се оствари.

Ако Мајами остане без Вејд, тоа би било катастрофа за клубот кој лани остана без Леброн Џејмс и резултатски и финансиски драстично падна. Вејд за „жешките“ е значаен како Коби Брајант за ЛА Лејкерс или Тим Данкан за Сан Антонио спарс. Ако ја загубат својата ѕвезда поради неколку милиони долари, би можеле да имаат долготрајно последици и во иднина. Некои аналитичари сметаат оти идеално за Вејд би било да замине во клуб каде би имал улога на шести играч. И во Лејкерс тој би можел да биде резерва и да дава голем придонес, но само ако Коби биде здрав.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...