Фенербахче фрла мамец кон Антиќ

Ако Перо Антиќ не го продолжи договорот со Атланта хоукс, тогаш Фенербахче Улкер ќе биде меѓу првите во редот на клубови кои ќе се обидат да го привлечат македонскиот крилен центар. Познато е дека на 1 јули, Антиќ ќе стане слободен агент, и негова желба е да остане во Атланта и најсилната лига на светот.

Но, ако добие финансиски богата понуда која е тешко да се одбие, тогаш не е исклучено повторно да заигра на европските паркети. Слична ситуација имаше пред седум години кога Перо беше на проба во НБА лигата, но откако доби финансиски многу примамлива понуда од Локомотив Кубан, реши да го одложи своите заминување во САД и да остане во Европа. Сега на Антиќ желбата да стане прв Македонец во НБА му е исполнета и можеби ќе сака да се врати на Стариот континент каде ќе има улога на ѕвезда и со своето искуство може многу да му помогне на Фенербахче во обидот да ги освои Турција и Европа.

Тренер на Фенербахче е српскиот стручњак Жељко Обрадовиќ, кој летово ќе направи многу измени во составот, и веќе се ослободи од неколку играчи, но го привлече Боби Диксон, кој беше МВП на финалето во турското првенство.

Клубот имаше неуспешна сезона, не освои ниту еден трофеј и остана без главниот спонзор, компанијата Улкер. Популарниот турски тим ќе се обиде да го донесе и Валтер Еди Таварес, висок играч кој настапуваше за Гран Канарија во шпанската лига.

Неофицијален интерес за Антиќ има и кај други европски гиганти, но сето тоа е условно и сите чекаат да видат прво дали Македонецот е цврсто решен по секоја цена да продолжи во НБА или остава простор за камбек во Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Студенка по медицина полага
испит.
-Колешке,во тестисите на
мажите колкаво количество спер-
ма има?
По кратко размислување.
-Паа,голтка -голтка ипол!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на бабите, празник...
1472.- Роден е италијанскиот сликар Бартоломео...
1483.- Во Урбино е роден Рафаело Санти,...
1749.- Во Бомон ан Ож е роден Пјер Симон Лаплас,...