ВИДЕО: Хрватското чудо од дете хит на НБА драфтот

Младиот Марио Хезоња беше избран како 5-ти пик на НБА драфтот кој синоќа се одржа во Њујорк. Со тоа тој го надмина ланскиот рекорд на Дарио Шариќ.

Го носи прекарот европски Коби Брајант, одлично котира во пресрет на вечерашниот драфт и заедно со Кристапс Порцингис ќе бидат главни европејци меѓу првите 10 кошаркари.

Спортскиот директор на Цедевита, Матеј Мамиќ вели дека Хезоња ќе биде вистинско освежување за НБА, а го цитираат повеќе американски медиуми: - „Марио Хезоња е единствен играч на НБА драфтот кој верува дека би можел да го победи Коби Брајант во дуел еден на еден“, напиша Мамиќ на Твитер.

Хезоња игра на позицијата бек-шутер, својата кариера ја започна во КК Дубровник, каде со 13,5 години заигра за сениорите и тоа против Цибона. Потоа преминал во КК Загреб, а на ЕП до 16 години во Чешка ја доби наградата МВП. Тој во 2012. година потпиша 3-годишен договор со Барселона, со која лани ја освои АЦБ лигата. За трансферот КК Загреб добил 150.000 евра.

На денот на драфтот Хезоња одлично се искачува на листата, но поради казнениот тренинг во Барселона, ќе мора да го пропушти патувањето во САД. Хрватските медиуми на големо ги пренесуваат деновиве информациите од САД според кои воопшто нема сомнеж дека ќе биде избран меѓу првите 10 кошаркари, но ете тој стигна дури до 5-та позиција!

Во моментов подобро од Хезоња на НБА драфтот 2015 котираат првиот пик Карл-Ентони Таунс кој сигурно ќе замине во Минесота Тимбервулвс.

Минатата година, Дарио Шариќ беше избран како 12-ти пик на драфтот со што стана најдобро пласираниот Хрват во историјата на НБА драфтот. За разлика од Хезоња, Шариќ се реши и следната сезона да игра во Европа, поточно во Ефес Пилсен кај Дуда Ивковиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...