Ништо од Мекејлеб?!

Хендрикс е „странскиот“ избор на Џикиќ, наместо Мекејлеб. Доаѓа на 30-ти јули во Скопје.

Крилниот центар на рускиот евролигаш Локомотив Кубан, Ричард Хендрикс, ќе биде натурализираниот кошаркар во репрезентацијата на Македонија на претстојното Европско првенство (ЕП), што, пак, значи и дефинитивен крај на надежите за камбек во националниот тим на некогашниот херој Лестер Бо Мекејлеб, дознава „Спортмедиа" од извори блиски до „жолто-црвениот" состав.



Двајцата Американци се најдоа на поширокиот список на селекторот Александар Џикиќ и редовно беа во контакт со новиот спортски директор на Македонската кошаркарска федерација, Заре Марковски.

Но, неодамнешното официјално откажување на Ѓорѓи Чековски од репрезентацијата и најавите од Перо Антиќ дека нема намера да игра на континенталниот собир, направија предводникот на националниот тим да има поголема потреба од високиот Хендрикс отколку од плејмејкерот Мекејлеб .

Нашите кошаркари на претстојното ЕП се наоѓаат во групата Ц која се игра во Загреб, а во која уште се и Хрватска, Словенија, Грција, Холандија и Грузија. Првиот круг го почнуваме на 5-ти септември против јужниот сосед, а ја завршуваме на 10-ти септември против словенечкиот состав.



Пласман во следната фаза, која според нокаут-систем ќе се игра во францускиот град Лил, ќе обезбедат четирите најдобри селекции од секоја група.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...