Леброн од 2017 со годишна плата од 40 милиони долари

Од утре Леброн Џејмс ќе биде слободен агент. Откако се врати во Кливленд кавалирс и одигра само една сезона, Џејмс ја одби опцијата да го одработи договорот до крај, но не сака да види какви понуди од други екипи ќе дојдат за него.

Според американските медиуми, намерата на Џејмс е да го потпише нов договор со Кавалирс со траење од една сезона и да добие 22 милиони долари (ако не се декларираше како слободен ќе земеше 20,6) колку што му следуваат на ветеран со 12-годишно искуство, а следното лето ќе побара петгодишен договор вреден неверојатни 200 милиони долари. Досега во историјата на кошарката не се случило некој да зема годишна плата од дури 40 милиони „зелени банкноти“. Рекордот го држи Мајкл Џордан со 33,1 милиони во сезоната 1997/98.



Откако ќе се потпише новиот телевизиски договор, ќе се зголеми и селари капот во НБА, па клубовите ќе можат да трошат повеќе пари.

Леброн Џејмс кого многумина го сметаат за најдобар кошаркар на светот, по третпат во последните шест години е слободен играч. Но, овој пат нема намера да ја менува средината, туку да остане кај „коњаниците“, клуб кој може да му даде најмногу пари. Доколку прејде на друго место, нема да може да извлече финансиски максимум.

Покрај преговорите со Џејмс, челниците на Кливленд треба да работат и на новиот договор со Кевин Лав (се најавува петгодишен договор за 110 милиони), а слободен е и Тристан Томпсон, кој го има истиот менаџер како Леброн и бара 13 милиони по сезона.

Џејмс е трети стрелец, седми асистент, 18. по број на украдени топки, со него на терен Кавалирс ги надигруваше ривалите со речиси за 10 поени на 100 одиграни напади, бројки кои го прават незаменлив. Без него Кавалирс даваше 7 поени помалку од противникот на 100 акции. Ако Џејмс не играше цела сезона, Кливленд ќе беше подобар само од четири тима во лигата, а вака стигна до големото финале во кое водеа со 2-1. Но, отсуствата на повредените Кевин Лав, Кајри Ирвинг и Андерсон Варежао беа клучни, и Џејмс не можеше сам против Голден Стејт. Бројките на Леброн во финалната серија не беа доволни тој да стане првиот по Џери Вест во 1969 кој загубил финале, а бил МВП.



По поразот од Вориорс, Леброн рече дека повеќе би сакал воопшто да не учествува во плеј-оф отколку да го загуби големото финале. Бил и во двете ситуации, и помалку боли кога не ни добивал шанса да стане шампион. Целта му е да освои прстен и со Кливленд, и да ги оправда огромните пари кои ќе бидат вложени во него.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Муабетат двајца пријатели во кафана:
- Абе, знаеш дека од една пијачка ме фаќа?
- Ај, шо збориш, од една само???
- Да бе, и тоа обично шестата.

* * *
Прашува едно дете...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1101 делница Прилеп - Битола заради интезивирање на градежни активности во врска со проект "Санација на трупот на патот кај...
Верски календар
На денешен ден
1461.- Во најкрвавата битка во Војната меѓу двете...
1772.- Умре шведскиот филозоф Емануел...
1792.- Умре шведскиот крал Густав Трети, 13 дена...
1809.- Шведскиот крал Густав Четврти мораше да...