Антиќ денеска на промоција во Истанбул

Перо Антиќ денеска ќе го потпише договорот со Фенербахче Улкер и ќе биде претставен пред медиумите како нов член на клубот од Истанбул. Антиќ вчера во придружба на сопругата и поголемиот син пристигна на аеродромот „Ататурк“ во Истанбул каде беше пречекан од претставници на телевизијата на Фенербахче. Македонскиот центар кратко изјави дека му е задоволство што ќе игра за популарниот Фенер и што ќе работи со тренерот Жељко Обрадовиќ.



Промоцијата на Антиќ како нов играч на Фенербахче ќе се одржи со почеток во 13.30 часот во рамките на спортскиот комплекс „Фенербахче Улкер спорт арена“. Договорот на Перо е тригодишен, од тоа првите во две се загарантирани, а третата е условна.

По заминувањето на Антиќ од Атланта хоукс, во НБА лигата во следната сезона ќе нема македонски играчи, но за утеха е што повторно ќе имаме претставници во Евролигата.

Во Истанбул дојде и Гркот Костас Слукас, кој вчера беше претставен како засилување на тимот. Слукас и Антиќ беа соиграчи и во Олимпијакос.

Реконструкцијата на Фенербахче ќе продолжи. Како принова се најавува и новопечениот турски репрезентативец Боби Диксон, кој како играч на Пинар Каршијака беше МВП на турскиот плејоф. Антиќ, Диксон и Слукас се најавуваат како стартери во тимот заедно со Јан Весели и Богдан Богдановиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...