Драгиќ: Ги разбирам играчите кои ја одбиваат репрезентацијата

Најголемата ѕвезда на словенечката репрезентација, Горан Драгиќ, нема да игра на годинешниот Евробаскет, но затоа, пак, од Мајами хит доби петгодишен договор вреден 90 милиони долари. Со годишна плата од 18 милиони долари, Драгиќ ќе биде во редот на најплатените кошаркари во НБА лигата и еден од најскапите странци воопшто во историјата. Словенечкиот бек сака да ги оправда овие големи пари вложени во него и целосно ќе се фокусира на игрите во НБА, па му откажа на националниот тим кој ќе се бори за висок пласман на ЕП на кој сака да биде барем меѓу учесниците на квалификациите за Олимписките игри.



Драгиќ вели дека секој играч треба сам да носи одлука дали да го послуша советот на клубот или навивачите бидејќи тој самиот ризикува со играње за репрезентација.

„Јас ги разбирам играчите на кои не им се игра за репрезентација иако можеби тоа не е етички. Подобро да не игра отколку со сила и без волја да дојде. Која е оправдана причина за некој да не игра за репрезентација? Јас не гледам така на тие работи. Зошто би присилувале некого ако не му се игра? Одлуката ја носиме сами. Не може навивачите да одлучуваат за нашите кариери бидејќи играчот ќе си ги сноси последиците од евентуална повреда. Ако некој се повреди и со тоа ја заврши кариерата, дали државата или навивачите ќе му помогнат?“ - прашува Драгиќ.



Кошаркарот на Мајами хит вели дека го познава своето тело и не сакал да се изложува на ризик ова лето, иако постоела желба кај него да игра на Евробаскетот.

„Го познавам своето тело. Ако играв за репрезентацијата, ќе требаше да почнам да тренирам еден и пол месец пред стартот на подготовките за да ги засилам мускулите и така да ги намалам ризиците од повреда. Мора да се биде добро подготвен за да нема страв од повреда. Некои други имаат поразлично тело и размислување од моето“ - додава Драгиќ.


Горан не ја исклучува можноста, сепак, да игра на ЕП, но условите за тоа се неговата жена да се породи што е можно побрзо, и во Словенија. Доколку бебето се роди во Америка, ништо од неговиот настап на Евробаскетот, опција која би ги израдувала ривалите, меѓу нив и Македонија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...