Тргнуваат подготовките, само Хендрикс ќе задоцни

Првиот тренинг на репрезентацијата на Македонија ќе се одржи претпладнево во малата сала на спортскиот центар „Јане Сандански“ во Скопје. На него се очекува да дојдат сите кандидати за настап на ЕП, освен Ричард Хендрикс, кој ќе се приклучи нешто подоцна. Синоќа кошаркарите имаа состанок, лекарските прегледи веќе им се направени, па така тие непречено ќе може да се сконцентрираат на тоа што ги очекува во наредните 40-тина дена, а тоа се подготовки за Евробаскетот во Загреб.

Новиот селектор Марјан Србиноски тргнува со играчите кои лани беа во комбинација за настап во квалификациите, плус Владо Илиевски, Предраг Самарџиски и Кирил Николовски. За спортскиот директор Заре Марковски кој ќе му помага на Србиноски, Македонија нема да се откаже од ниту еден репрезентативец кој е ставен на широкиот список.



„На играчите треба да им биде гордост што се репрезентативци, а и од нивен личен интерес е да бидат успешни на првенството. Знаеме дека на минатото ЕП пред две години бевме на 21. место и тоа е појдовната точка за овој состав. Секоја победа на ЕП ќе биде успех, но немам увид во овој подмладен тим, несериозно би било да предвидувам што ќе направиме на ЕП и што би се сметало за успех. Хендрикс побара наместо на 30 јули, да дојде нешто подоцна, денеска ќе знаеме точно кога ќе се приклучи“ - вели Марковски, кој додаде дека секој играч со македонски пасош е добредојден и може да биде со тимот.

 

Во МКФ очекуваат присуство и на Николовски, како и на Дамјан Стојановски, кој по долгата пауза од 7 месеци, ќе тренира и ќе биде кандидат за ЕП. Ќе се тренира по двапати на ден, а по одработувањето на првиот дел од подготовките, екипата на 6 август ќе замине во Охрид каде ќе ги има и првите проверки на формата. Откако ќе се одиграат два меча во Охрид и по еден во Скопје и Гевгелија, репрезентацијата ќе замине на турнири во странство и дома ќе се врати непосредно пред заминувањето за Загреб.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...