ВО ЕДЕН ДЕН, ДВА РЕПРЕЗЕНТАТИВНИ ПОТПИСИ ВО АЕРОДРОМ

Симоновски останува, Марковски исто така

Марко Симоновски е првото репрезентативно име кое во овој летен трансфер период стави потпис на новиот договор со МЗТ Скопје, а ќе биде со важност за сезоната 2015/2016.

По првата рунда на неуспешни преговори, во оние вторите, двете преговарачки страни го пронајдоа својот заеднички интерес, по што и дефинитивно се поместија работите во македонскиот шампион во делот на ангажман на квалитетни домашни играчи.

„Останувам во МЗТ Скопје и во следната сезона“- кратко искоментира Симоновски по излегувањето од клупските простории во СЦ „Јане Сандански“.

Симоновски беше дел од шампионскиот мозаик на „металците“, а како круна на добрите игри на репрезентативниот бек дојде и признанието за најкорисен играч во финалната серија на плеј-офот во кој МЗТ ја освои четвртата по ред шампионска титула.

Претходно Симоновски одигра 17 мечеви за МЗТ Скопје во АБА Јадранската лига, и заврши со просек од 7.8 поени и 2.4 скока.

Уште повисоки беа неговите бројки во домашниот шампионат во кои на 27 средби и просечни 22.3 минути реализираше по 9.4 поени, 2.7 скока и 1.4 асистенции по меч.

А во еден ден МЗТ Скопје доби уште едно репрезентативно засилување. Поточно официјализирано е останувањето во клубот од Аеродром и на поранешниот младински и потенцијален сениорски репрезентативец Горјан Марковски.

Најмалерозниот кошаркар во нашата кошарка во последно време, конечно, ги надмина сите оние проблеми предизвикани со двете операции за кратко време на предните вкрстени лигаменти на коленото, и постигна договор со клубот во кој беше и во изминатите три сезони.

„Мислам и се чувствувам максимално подготвен. По сето она што ми се случуваше во изминатиот период, и сиот оној труд кој го вложил во изминатите две сезони, ред е да се вратам и да го работам она то најдобро го знам, да играм кошарка на високо ниво. Свесен сум и јас, но и луѓето во клубот дека ќе ми биде потребно извесно време за комплетно ’враќање’. Во таа насока и ќе работиме на тоа. Да бидам спремен за сите предизвици кои со себе ги носи играњето за најдобриот македонски клуб во последните години“- вели Марковски.

Марковски беше само еден од неколкутемина кошаркари кои вчера се јавија на првата прозивка која ја направи исто така нов-стариот шеф на стручниот штаб на МЗТ Скопје Алеш Пипан.

Од првиот ден на тренинг се појавија и новите играчи во тимот од Аеродром, Марко Љубичиќ, Ѓорѓе Дреновац, но и Данило Мијатовиќ, кој е носител на шампионската титула од минатата сезона, и првиот од ланската постава на странци кои ја продолжија верноста кон „сино-белите“. Друштво на Марковски од онаа “помлада генерација“ му правеа и Адем Мекиќ, Андреј Цветковски и Лука Петровски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...