Еден чекор наназад


Добриот старт во Охрид, Скопје и Гевгелија нашите најдобри кошаркари не го валоризираа со успешни игри и некој триумф за време на првото „излегување“ надвор од Македонија во текот на ова лето.

Првиот турнир, оној во Каунас, покажа дека овој наш состав има и свои слаби страни, на кои и треба да се работи во наредниот период од подготовките.

Оној во кој нè очекува двојна игра со една од најдобрите селекции не само во Европа туку и светот, Шпанија, и уште толку некој ден подоцна против селекција од „средно-европско“ ниво каква што е онаа на Летонија.

Факт е дека селекции како Литванија и Турција не се исти како оние против кои се контролиравме дома, но, сепак, факт е, особено тоа се однесува за онаа втора проверка во Каунас, нашите момци можеа, но и мораа да дадат повеќе.



Ако олеснителна околност е што ова се, сепак, само подготвителни натпревари, никако не смее да се занемари дека дел од играчите никако не можат да се пронајдат себеси во овој систем на игра кој го протежира новиот стручен штаб во кој се Марјан Србиноски и Александар Јончевски, а работи под будното око и на спортскиот директор Заре Марковски.

Сите тие ќе имаат ѓаволски тешка задача во наредниот период, во прв ред да ја формираат онаа „добитна комбинација“. Или поточно кажано да ги одберат навистина најдобрите. Од проста причина што конкуренцијата од ден на ден само се зголемува, а изгледа и нема намера „да застане“.

Факт е дека во овој момент Марјан Јанески, секако, покрај Кирил Николовски, кој не е дел од турнејата низ Балтикот и Иберија, е првиот кандидат кој ќе се соочи со она финално “кратење“ на списокот.

Но, и тоа не мора ништо да значи, особено ако се знае дека Македонија не е некоја европска велесила, па да има на располагање, во секој момент, играчи кои можат дополнително да бидат повикани.

Стручниот штаб ќе има тешка задача да одбере дали ќе оди „во висина“ или, пак, во „допол
нителен квалитет“ во бековската линија.

„Во превод“ тоа би требало да значи дека можно е последното име да се бара кај оние на крилно-центарски или, пак, евентуално бековски позиции.

Дека има дилеми кај Србиноски, дебитантот на клупата потсети и неговата последна одлука, надвор од натпреварувачката екипа за дуелот со Турција, покрај „ стандардниот“ Јанески, да биде еден од најмладите, Андреј Магдевски.

Тоа се случува за првпат откако оваа селекција е на собир и ја води наследникот на Александар Џикиќ. А иницира прашање дали Србиноски и понатаму е со идеја да ги задржи најмладите во екипата на сметка од некој поискусните, како на пример Дарко Соколов или пак Владимир Брчков, кој покрај Јанески одигра и најмал број минути.

Она што е добро што Хендрикс почна да се враќа, да се пронаоѓа себеси како вистински дел од овој тим во кој за разлика од лани, нови имиња се Владо Илиевски и Предраг Самарџиски, кој би требало да биде центарската основа заедно со Американецот со македонски пасош, заедно со Бојан Трајковски и Стојан Ѓуроски на „четворка“, кои, пак, имаа далеку од импресионирачки настапи во Литванија.

Ако Дамјан сè уште ја бара својата форма, тогаш Војдан Стојановски покажа највисок стандард, што со игрите на Илиевски и Костоски, во одредени минути и на Симоновски, треба да се основата на оваа Македонија која ја чекаат уште четири контролни станици пред да дојде она вистинското, на 5 септември, стартот на Евробаскетот.

Како сето ова ќе оди понатаму, насоки ќе ни бидат оние викенд дуели со Шпанците, а и некој ден подоцна, со Летонија во Рига.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
На испит на Медицински факултет, професорот ја прашува студентката.
- Колку сперматозоиди има во тестисите на машки полов орган?
По кратко размислување...
- Пааа отприлика...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на културното наследство
1828.- Во Бордо умре Франциско Хосе де Гоја,...
1844.- Во Париз е роден Жак Анатол Франс Тибо,...
1859.- Умре францускиот историчар и политичар...