Душко Буниќ влезе вo центарската „линија“

Со секој одминат ден екипата која во изминатите четири селекции важи како најдобра во нашата земја го добива оној финале лик. Секако во поглед на креирањето на екипата што треба да го одбрани шампионскиот трофеј, а во исто време и да биде место повисоко на табелата во АБА Јадранската лига.

Па така, само еден нецел ден откако беше официјализирано продолжувањето на соработката со Дамјан Стојановски, челниците на клубот од Аеродром договорија уште едно, овој пат странско засилување.



Ново име во составот кој и догодина ќе го предводи Словенецот Алеш Пипан е босанскиот интернационалец Душко Буниќ (207см-1989год).

Еден би се рекло веќе искусен кошаркар, кој во својата кариера има освоено и златен медал со српската репрезентација, и тоа на Универзијадата во 2011 година, а во Скопје доаѓа од редовите на шампионот на БиХ, Игокеа, а кој претходно има настапувано и во Будуќност од Подгорица, новосадска Војводина, Металац и Спартак од Суботица.

Како играч на Игокеа овој корпулентен кошаркар лани одигра 25 мечеви во Лигата на Јадранот и притоа реализираше просечни 10.8 поени, и 5.4 скокови.

А неговите бројки беа уште повисоки кога се зборува за Премиер-лигата на БиХ затоа што на 15 од нив Буниќ имаше просек од 11.6 поени и 5.7 скока, но и процент на реализација од поле од високи 68.5%.

Друштво во новата средина, исто така „сино-бела“, на Буниќ во наредниот период ќе му прави неговиот соиграч од Игокеа, Ѓорѓе Дрновац, кој исто така ова лето стана нов играч на македонскиот првак.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Жена чека пред телефонска говорница да заврши човекот пред неа, меѓутоа поминуваат 10 минути, а тој не само што не отстапува, туку само седи со слушалката на уво и ништо не...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на книгата и авторското...
1564.- Во Стратфорд е роден Вилијам Шекспир,...
1616.- Во Мадрид умре Мигуел де Сервантес,...
1792.- Создадена е француската химна "Марселеза"...