Убедлив пораз на македонските кошаркари од Шпанија

Македонската кошаркарска репрезентација синоќа на гостувањето кај Шпанија претрпе убедлив пораз со 94:63. Ова воедно беше трет пораз за македонските кошаркари во подготовките за Европското првенство, кое почнува на 5. септември.



Во текот на првото полувреме Шпанија беше подобра во сите елементи и по 20 минути игра водеше со 52:26. Нашите кошаркари третиот период го одиграа најдобро и го решија во своја корист со 22:17, па и за момент ја намалија високата предност на ривалот. Сепак, „црвената фурија“ во последната четвртина повторно ја зголеми предноста.

Најефикасни кошаркари во нашиот национален тим беа: Ричард Хендрикс со 12 поена (6 скокови), Бојан Трајковски со 11 поени, Предраг Самарџиски 10. Кај Шпанија најрасположени беа Руди Фернадез со 14 и Хернан Гомез со 12 поена.

Следниот натпревар Македонија го игра повторно против Шпанија на 25. август (вторник) во Логроњо.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Наставникот по географија го завртел глобусот и го прашува ученикот кој треба да одговори:
- Што е ова?
- Почнуваат вести - одговорил ученикот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1191.- Почна зографирањето на црквата "Свети...
1284.- Роден е англискиот крал Едвард II....
1595.- Во Рим умре Торквато Тасо, италијански...
1599.- Роден е водачот на Англиската револуција...